ООУ„Димитар Поп Георгиев Беровски“

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

Име на училиштето: ООУ„Димитар Поп Георгиев Беровски“

Општина: Ѓорче Петров

Адреса: Ул. „Ѓуро Салај“, бр. 31

Роденден на училиштето: 20 мај и се слави како патронен празник

Постои од: 1959 под името „Моша Пијаде“, 1996 е преименувано во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“. Од 2012 работи и подрачното училиште во заедница Хром.

Број на паралелки/ученици: 28 паралелки / 674 ученици

Наставен јазик: Македонски јазик

РОДЕНДЕН НА УЧИЛИШТЕТО :

Почетоците на училиштето датираат од далечната 1959 година, под името „Моша Пијаде“, а од 1996 година е преименувано во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и на 20.05 се слави патронен празник на училиштето.

Училиштето во свои рамки има и подрачно училиште во урбаната заедница Хром, што почна со работа во учебната 2012/2013 година, само за ученици за одделенска настава од прво до петто одделение. Во учебната 2015/2016 година се реновираше и се догради и на 26.09.2016 година беше свечено пуштено во употреба, како подрачно деветгодишно училиште.

НАШИТЕ УСПЕСИ

Нашите ученици, нашата гордост во текот на учебната 2016/2017 година, беа многу успешни. Еве дел од резултатите што тие ги постигнаа на регионално и државно ниво:

  • Државно првенство во ракомет (женски) – II место (екипно)
  • Регионален натпревар по биологија – III место Андреј Петковски 7б, Александра Петковска 7б
  • Државно првенство – Агротехника – III место Ајла Радончиќ 8а
  • Државно првенство – Сообраќај – I место Сања Цветковска 8а
  • Државно првенство – градежништво и архитектура – II место Иван Митковски 9а
  • Регионален натпревар по математика – III место Димитар Трајковски 7б, Томи Богоески 7б, Ања Миленкова 5б, Виктор Грезу 4в, Матеја Николовска 4г, Ања Миленкова 5б, Теодора Маркушевска 4в
  • Кенгур 2017 – математика – I место Матеј Ристески 8б
  • Регионален натпревар по природни науки – III место Хајра Џанковиќ, Иво Симоновски 6а, Александар Хаџи Андонов 6а, Ања Миленкова 5б
  • Државно првенство по природни науки – I место Теодора Маркушевска 4в
  • Регионален натпревар по физика – III место Катерина Начева 9б
  • Денови на електротехника 2017 – III место Анастасија Динева 9а, Марија Коштревска 9а, Катерина Начева 9б
  • Регионален натпревар по географија – II место Борјан Циклески 8а
  • Регионален – Противпожарен натпревар – I место Димитар Трајковски 7б, Томи Богоески 7б, Андреј Петковски 7б

Во училиштето се реализираат следните проекти:

  • Меѓуетничка интеграција во образованието,
  • Еко-училиште и интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,
  • како и проектот во соработка со Поликлиника „Ѓорче Петров“ – „Училиштето промотор на оралното здравје“.

admin