ОУ ,,Коле Канински“

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

 

Име на училиштето: ОУ ,,Коле Канински“

Општина: Битола

Адреса: ул. Бранко Радичевиќ бр. 57

Роденден на училиштето: 22 мај и се слави како патронен празник

Постои од: Во 1944/45 година започна со работа училиштето „Коле Канински“, кое името го доби во знак на сеќавање и благодарност за животот и делото на паднатиот борец за Македонија, Никола Тодоровски-Канински. 22. Мај се слави како патронен празник. Во склоп на училиштето работат и три подрачни училишта и тоа во с. Буково, с. Поешево и во населбата Буковски ливади.

Број на паралелки/ученици: 49 паралелки - 888 ученици

Наставен јазик: Македонски јазик

НАШИТЕ УСПЕСИ

Учебната 2016/2017 година е уште една од успешните години во однос на постигнатите резултати на нашите ученици.

Со освоени 139 награди на општинските, регионалните и државните натпревари нашето училиште доби диплома за најуспешно училиште во Битола.

Како расадник на врвни спортисти и оваа учебна година нашите ученици се закитија со златни медали на државните првенства во футсал (женски), ракомет (женски), тенис (женски); освоено трето место пинг-понг (машки), како и признанието за севкупен победник на Ноќната трка по повод 4. Ноември.

admin