berlinzoo

Берлинската зоолошка градина е една од најголемите и најстарите во Германија. Отворена е на 1 август 1844 година, а првите животни ги има подарено прускиот крал Фридрих Вилхелм IV.

 

Затворениот аквариум во зоолошката градина е еден од симболите на градот Берлин.

 

Денес таму може да се видат околу 14.000 животни и 1500 различни видови на огромна површина заедно со исто така голем број стари дрвја.  Најинтересното животно што може да се види е големата панда која ја има во само уште неколку зоолошки градини ширум светот.

 

Доколку немаш можност да отпатуваш и да го посетиш во живо овој прекрасен „дом“ на животните, погледни ја неговата интернет страница: https://www.zoo-berlin.de/de или уживај во оваа видео прошетка: