delfin

"Делфин" претставува многу атрактивен стил на пливање за кој е потребна голема сила на мускулите на целото тело. Но, тој е и технички најсложен за изведување. Двете раце мора да работат едновремено и многу складно,а назименично со нозете. Едновременото замавнување на нозете наликува на удирањето на опашката на делфинот по морската шир, а она на рацете како кај замавнувањето на крилјата на пеперугата, па затоа овој стил се нарекува „делфин“, но и „пеперуга“. Овој стил е најновиот и почнал да се развива во триесетите години на минатиот век.

 

На почетокот бил само варијанта на градното пливање, се додека не бил прифатен како посебен стил во 1952. година.