doktordulitl

Џон Џон Дулитл е добар и благороден селски лекар кој сака животни – факт што е очигледен поради „златната рипка во езерцето на долниот крај од градината, зајаците во оставата, белите глувци во неговиот клавир, верверицата во плакарот со покривка и ежот во визбата“. Покрај тоа што многу ги сака и решава да ја напушти својата редовна лекарска практика и да стане лекар за животни. Доктор Дулитл умее и нешто што другите лекари не умеат – да разговара со животните!

Доктор Дулитл е всушност измислен лик од безвремената серија книги за деца на Хју Лофтинг. Решен да им помогне на сите животинки на кои им е потребна помош, Доктор Дулитл тргнува на пат кон Африка, откако ќе разбере дека тамошните мајмуни се разболеле од сериозна болест. На неговото патување го придружуваат неговите верни пријатели: папагалот Полинезија, бувот Ту-Ту, патката Даб-Даб, песот Џип, прасенцето Габ-Габ и мајмунот Чи-Чи.

Според оваа позната книга снимени се и повеќе серии, филмови, па и радио драми. Во 1928 е снимен краток нем анимиран филм на германски јазик. Во 1967 година е снимен мјузикл со Рекс Харисон во главната улога. Од 1970 до 1972 била емитувана серија цртани филмови со Доктор Дулитл.

Видео – трејлер од филмот од 1967

Едни од најпознатите филмувани верзии се тие во 1998 и 2001 година со Еди Марфи во главната улога.

Видео – трејлери

https://www.youtube.com/watch?v=Iwgofjs7OAc

https://www.youtube.com/watch?v=vDGROCKoUdc

Во моментот се снима и нов филм за со Роберт Дауни Џуниор како Доктор Дулитл.