frerejacques

„Фрер Жак“ е една од најпознатите детски приспивни песни којашто е преведена на многу јазици и се смета за една од десетте најпопуларни мелодии на сите времиња во светот. Песната зборува за еден монах којшто едно утро се успал и не удрил во црковните ѕвона за да ги разбуди другите монаси.

 

Овде можеш да ја слушнеш оваа песна на оригиналниот јазик во интересна канонска изведба на германската вокална група Мундверк. (Канонот претставува музичка композиција каде еден или повеќе гласови го имитираат почетниот глас изведувајќи ја мелодијата која тој ја почнал. Канонот може да се изведува до бесконечност.)