grbno

И во овој стил пливачот замавнува наизменично со левата и десната рака и нозете, но тука е свртен со лицето кон горе лежејќи на грбот. Нозете се движат како и кај дисциплините краул и делфин, но разликата од нив е што најголемиот дел од силата се постигнува со замавнување на ногата нагоре.

 

Грбниот стил е единствениот меѓу сите стилови каде пливачите на стартот не скокаат во водата, туку веќе се наоѓаат во неа.

 

Токму затоа и во трките на мешани штафети (штафетните трки) 4×50 метри секогаш пливачите прво пливаат грбно.