pastoralnasimfonija

ОМИЛЕНИТЕ „ДОЖДОВНИ“ КОМПОЗИЦИИ НА ЛИБИ

Дождот и бурите се тема во многу дела од класичната музика, но и во детската и во популарната музика. Дали имаш слушнато за приспивната песничка „Дожду, дожду, замини“ (Rain, rain go away), песните „Пеејќи на дождот“ (Singing in the rain) и „Капки капат по мене“ (Raindrops keep falling on my head) и некои други? Сигурно имаш некои омилени, а свои фаворити има и Либи. Еве ги:

 

Бетовен додека ја пишува „Пасторалната симфонија“ на илустрацијата на "Almanach der Musikgesellschaft" од 1834.

Симфонијата бр. 6 F-duru оп. 68 на германскиот композитор Лудвиг ван Бетовен, уште наречена и „Пасторална“, прв пат била изведена во Виена во 1808. Година. Таа е составена од пет делови кои имаат посебни наслови:

  1. Erwachen heiterer Empfindungen bei der Ankunft auf dem Lande: Allegro ma non troppo
  2. Szene am Bach: Andante molto mosso
  3. Lustiges Zusammensein der Landleute: Allegro
  4. Gewitter, Sturm: Allegro
  5. Frohe und dankbare Gefühle nach dem Sturm: Allegretto10.35

Композиторот бил вдахновен од природата и првиот став го прикажува чувството кога тој од градскиот метеж ќе дојде мешу природните убавини. Вториот став се смета за еден од најубавите и го „слика“ течењето на водата на потокот. Третиот став е скерцо (итал. шега) и тој е целиот разигран и го прикажува веселиот народ, танцувањето на луѓето и нивното уживање. Четвртиот став со наслов „Невреме. Бура.“ ја покажува ненандејната бура која се создава само од неколку капки и која прераснува во вистинско невреме со грмотевици, силен ветер и пороен дожд. Петтиот дел изобилува со пастирски песни и благодарници.

НЕВРЕМЕ. БУРА