sen-sans

Камиј Сен-Санс (1835 – 1892) е француски композитор, но и диригент, педагог, органист, астроном, физичар, сликар и писател.

Уште од мал стекнувал голема популарност, бидејќи веќе на 11 години со леснотија свирел композиции што и за искусните пијанисти претставувале проблем. Напишал голем број композиции во различни музички форми, но омилена му била симфониската поема. Во неговите композиции секогаш внимавал на правилниот избор на инструменти, чијшто звук треба да отслика некој настан. Напишал и 12 опери, од кои најпозната му е „Самсон и Далила“, изведувана на сите големи оперски сцени низ светот.