uefa

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунатед, кои минатиот месец во Скопје играа за Супер Купот на УЕФА, се дружеа со 20 средношколци и пет дечиња со оштетен слух и говор, исполнувајќи им ја желбата да ги запознаат едни од најголемите спортски ѕвезди во светот.

Во арената на фудбалскиот стадион, рамо до рамо со Роналдо, Мурињо, Зидан и Погба, децата на нивниот знаковен јазик ја испеаја песната „Небо полно со ѕвезди“ од групата „Колдплеј“, а во пеењето им се придружија и фудбалерите на двата тима и дваесетилјадната публика на стадионот, мафтајќи со дланките, за децата да знаат дека сите пеат со нив.