ПОУ „Маца Овчарова“, Велес

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

Име на училиштето: ПОУ „Маца Овчарова“, Велес (Основно училиште за деца со посебни образовни потреби)

Општина: Велес

Адреса:  „Кресненско востание“, бр. 4

Роденден на училиштето: Основано 1973, верифицирано 17.05.1995 година

Постои од: 1973

Патронен празник: 18 март

Број на паралелки/ученици: 15 паралелки/56 ученици

Наставен јазик: Македонски јазик

Контакти (тел, факс, е-пошта): poumacaovcarova@yahoo.com

III место на меѓународниот проект „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“

Оваа светска акција првпат е одржана на 2.04.2000 година во Чешка (втори април е денот на раѓањето на Х. К. Андерсен), со цел децата од целиот свет да се запознаат со голем број бајки и да се поттикне желбата за читање на оригинален и забавен начин.

 

Веќе следната година, на чешките училишта и библиотеки им се придружија околу 60.000 училишта, библиотеки, интернати, детски домови од 1.100 градови од целиот свет. Од оваа година и Македонија е дел од магичната приказна.

 

Секое училиште вклучено во акцијата подготвува повеќе активности во текот на неколку месеци, како и посебни активности што ќе се реализираат ноќта на втори април. Преноќувањето се изведува во просториите на училиштето, а акцијата завршува утрото потоа со засадување ДРВО НА БАЈКИТЕ во училишниот двор.

 

И децата од посебното училиште „Маца Овчарова“ од Велес се вклучија во акцијата. Учествуваа во настаните, се идентификуваа со хероите и борците од бајките, се радуваа на нивните победи како на свои, научија да вреднуваат животни ситуации и ликови. Боеја, читаа со помош на логопед, раскажуваа, цртаа, играа, моделираа и подготвуваа разни изработки, размислуваа, разговараа, споделуваа желби…

 

Децата со посебни потреби е важно да имаат поддршка при остварување на своите права, со цел да бидат вклучени во сите општествени процеси. Децата со посебни потреби, пред сè, се само деца, но тие имаат потреба и од дополнителна поддршка за да го постигнат својот максимален потенцијал и да ги остварат своите цели во животот.

 

Успехот да се освои III место меѓу 60.000 училишта е, пред сè, е на нашите ученици и на нашиот тим. Успехот е поттик и обврска за нови успеси.

admin