muzika

  • Дали глувите можат да „слушаат“ музика?

  1. 1

Луѓето кои слушаат честопати претпоставуваат дека постои само еден и единствен начин да се доживее и да се ужива во музиката, а тоа е – преку слушање. Но и глувите лица можат да уживаат во музиката, иако на поинаков начин.


Прво, глувоста не значи и целосно неслушање. Постојат различни нивоа на глувост, односно на оштетен слух. Второ, глувите лица можат да ги чувствуваат вибрациите на музиката преку нивното тело. Од друга страна и зборовите на песните будат различни чувства, а комбинацијата на вибрации и стихови е начинот на кој глувите луѓе ја „слушаат“ музиката.


На некои концерти понекогаш има толкувачи на знаковен јазик кои ги „препејуваат“ стиховите за посетителите кои се глуви или со оштетен слух. На овој начин и глувите можат да ја почувствуваат музиката на концертот!


Холи Маниати е толкувач на знаковен јазик и често е ангажирана на концерти. Таа пред секој концерт долго се подготвува (некогаш и по 100 часа за еден концерт), истражува за изведувачите и нивните претходни настапи и ги учи нивните песни, за да може што поавтентично да им ги пренесе на глувите посетители на концертот. Еве едно видео од Холи на концертот на хип-хоп ѕвездата Снуп Дог во Њу Орлеанс, САД.



Амбер Галовеј Гајего толкувала стотици концерти. Покрај препевот на знаковен јазик, таа преку разни гестикулации и движења се обидува да ги пренесе и ритамот, гитарските рифови и „солажи“.



@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.css); #pgc-4095-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-4095-0 , #pl-4095 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-4095-1-0 , #pgc-4095-1-2 { width:25%;width:calc(25% – ( 0.75 * 30px ) ) } #pgc-4095-1-1 { width:50%;width:calc(50% – ( 0.5 * 30px ) ) } #pl-4095 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-4095-0.panel-no-style, #pg-4095-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-4095-1.panel-no-style, #pg-4095-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:781px) { #pg-4095-1.panel-no-style, #pg-4095-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-4095-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-4095-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-4095-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-4095-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:780px){ #pg-4095-0.panel-no-style, #pg-4095-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-4095-1.panel-no-style, #pg-4095-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-4095-0 .panel-grid-cell , #pg-4095-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-4095-0 .panel-grid-cell , #pg-4095-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-4095-1-0 , #pgc-4095-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-4095 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-4095 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-4095 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }