statijatanaleonid

Маите живееле во областа позната како Мезо-Америка што го опфаќа јужно Мексико и дел од централна Америка: полуостровот Јукатан, Гватемала, Белиз и северен Ел Салвадор.

 

 

Маите биле организирани во градови – држави, што најчесто војувале меѓу себе. Најпознати такви градови се: Ел Мирадор, Тикал, Уксмал, Каракол и Чичен Ица.

 

 

 

Цивилизацијата на Маите била најразвиена во периодот од 1000 година п.н.е., па сè до 1519 година.

 

Маите граделе градови со големи камени структури, а најпознати од нив се храмовите во форма на пирамиди.

 

Маите се единствена американска цивилизација која развила свое писмо, а биле одлични и во математика, уметност, архитектура и астрологија.

 

 

Астеците биле воинствен народ кој живеел на територијата на денешно Мексико во периодот од 1400 до 1590 година.

 

 

Како и Маите и тие граделе величествени градови од кои најпознат е Теноктитлан (на местото на денешно Мексико Сити).

 

Често војувале со околните племиња, а заробените воини ги жртвувале на боговите.

Цивилизациите на Маите и Астеците исчезнале по доаѓањето на шпанските освојувачи (конквистадори) во Централна Америка.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.css); #pgc-5106-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-5106-0 , #pl-5106 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-5106-1-0 , #pgc-5106-1-2 { width:25%;width:calc(25% – ( 0.75 * 30px ) ) } #pgc-5106-1-1 { width:50%;width:calc(50% – ( 0.5 * 30px ) ) } #pl-5106 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-5106-0.panel-no-style, #pg-5106-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-5106-1.panel-no-style, #pg-5106-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:781px) { #pg-5106-1.panel-no-style, #pg-5106-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-5106-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-5106-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-5106-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-5106-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:780px){ #pg-5106-0.panel-no-style, #pg-5106-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-5106-1.panel-no-style, #pg-5106-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-5106-0 .panel-grid-cell , #pg-5106-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-5106-0 .panel-grid-cell , #pg-5106-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-5106-1-0 , #pgc-5106-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-5106 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-5106 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-5106 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }