maskidisciplini

 

Во спортската гимнастика натпреварите во машка конкуренција се одвиваат во шест дисциплини.

 

Партер: Како и гимнастичарките, така и гимнастичарите во оваа дисциплина изведуваат вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12 m со 12 m, но во пократок рок од 60 до 70 секунди. Исто така, тие настапуваат и без придружба на музика. Правилата велат дека гимнастичарот при својата вежба на партер смее само еднаш да биде во аголот на квадратот.

 

Коњ со рачки: Оваа дисциплина е една од најтешките во гимнастиката. Таа се изведува на помагалото коњ со рачки, што е долго 163 cm и е поставено на висина од 110 cm. Гимнастичарот со двете раце се држи за рачките или на помагалото и изведува кружни движења и движења со своите нозе. Вежбата завршува со акробација во воздух и доскок што треба да биде стабилен со двете нозе. Оваа дисциплина веројатно настанала со цел да се проверат способностите на идните коњаници. За оваа дисциплина потребна е сила, брзина, издржливост и добра подготвеност.

 

Кругови: Круговите се помагала поставени на висина од 250 cm, а се со должина од 325 cm, односно се заврзани на висина од 575 cm од подот. Растојанието помеѓу круговите е 50 cm. На нив гимнастичарите, држејќи се со двете раце, изведуваат различни вежби со движење на своите нозе и превртувања. За дофат на високопоставените кругови, гимнастичарите се подигнуваат од друго лице. За време на вежбата, круговите не смеат да се нишаат, што бара голема сила и издржливост. Вежбата на овие помагала завршува со доскок.

 

Прескок: Прескокот гимнастичарите го изведуваат со помош на коњ без рачки или отскочна плоча до којашто стигнуваат со трчање на растојанието долго 25 m. Држејќи се со рацете за помагалото, гимнастичарите со скок, во воздух изведуваат вежба што содржи повеќекратни салта или, пак, само вртење. Вежбата завршува со доскок од другата страна на помагалото што треба да биде стабилно. Многу е важна и поставеноста на рацете и на рамената, како и целосната рамнотежа на телото од што всушност зависи квалитетот на изведените акробации.

 

Разбој: Дисциплината разбој содржи вежби што главно се состојат од скокови во воздух, кружења, поместувања и движења под и над две паралелно поставени шипки на утврдена висина од 175 cm.

 

Вратило: Ова е најспектакуларната од шесте машки дисциплини. Се изведува на пречка во форма на шипка со должина од 240 cm и поставена на висина од 255 cm. За да се фатат на неа, гимнастичарите се помагаат со кревање од друго лице, слично како и во дисциплината кругови. На пречката, тие изведуваат различни вежби: поместувања, вртења, скокови, салта и др.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.min.css); #pgc-6940-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-6940-0 , #pl-6940 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-6940-1-0 , #pgc-6940-1-2 { width:10%;width:calc(10% – ( 0.9 * 30px ) ) } #pgc-6940-1-1 { width:80%;width:calc(80% – ( 0.2 * 30px ) ) } #pl-6940 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-6940-1.panel-no-style, #pg-6940-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:321px) { #pg-6940-1.panel-no-style, #pg-6940-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-6940-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-6940-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-6940-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-6940-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:320px){ #pg-6940-0.panel-no-style, #pg-6940-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-6940-1.panel-no-style, #pg-6940-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-6940-0 .panel-grid-cell , #pg-6940-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-6940-0 .panel-grid-cell , #pg-6940-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-6940-1-0 , #pgc-6940-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-6940 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-6940 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-6940 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }