mumii

  • Повеќе за мумиите

  1. 1

Мумија е труп чија кожа и органи се сочувани намерно или со случајно изложување на хемикалии, на многу ниски температури или на недостиг на воздух.

 

На обиди да се сочува телото се наидува во целиот свет. Тоа се правело со балсамирање, односно обложување на телата со смоли.

 

 

Во Стариот Египет се верувало дека мртвите живеат на небото, кај ѕвездата Северница, а откако подоцна се развил култот кон Сонцето, задгробниот живот се префрла во подземјето. Според Старите Еѓипќани, мртвите ги имале сите потреби како и живите, па на покојникот во гробот му се ставани предмети кои биле наменети за секојдневна употреба. Начинот на мумифицирање во Стариот Египет се менувал со текот на времето, но целта секогаш била задгробниот живот да добие материјална форма, па за продолжување на животот било неопходно да се сочува телото од пропаѓање.

 

Наједноставниот метод за мумифицирање, што потекнува од периодот на првите три египетски династии, се состоел во завиткување на телото со ленени завои, кои во подоцна биле натопувани во смола. Во текот на четвртата династија се практикува вадење на органите, што требало да го оневозможи распаѓањето на телото. Ковчезите се дрвени, покојните се ставаат во испружена положба. Ваквиот начин на погребување се применувал во текот на Старото царство.

 

Во текот на вториот милениум п.н.е. се отстрануваат сите органи, освен срцето и бубрезите, а мозокот се извлекува низ носот со специјален метален алат во вид на кука, по што органите се ставаат во посебни садови со раствор од натриум карбонат. Потоа телото се ставало во раствор на готварска сол, а потоа се полнело со миризливи смоли и зачини. На крајот се завиткувало во завои и се ставало во ковчегот. Овој процес траел 40 денови.На истиот начин како и луѓето, во Стариот Египет се мумифицирале и животните. Најчесто тоа биле мачки, мајмуни, ибиси и крокодили, кои се сметале за свети животни.

 

Освен во Египет, мумифицирање се среќава и во северна и источна Австралија, Меланезија, Полинезија, Индонезија, Индија, западна Африка, на Канарските острови, во Коднијак и во Јужна Америка. Постапката за мумифицирање во Океанија, каде на овој начин се чувале главите на непријателите, се одвивала така што главата се потопувала во раствор на сол, по што се сушела на чад и ветер. Со ваквата постапка коските омекнувале, а волуменот на черепот се смалувал за две третини. Сличен обичај се јавува и во прашумите на Јужна Америка.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/inc/../css/front-flex.css); #pgc-2292-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-2292-0 , #pl-2292 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-2292-1-0 , #pgc-2292-1-2 { width:20%;width:calc(20% – ( 0.8 * 30px ) ) } #pgc-2292-1-1 { width:60%;width:calc(60% – ( 0.4 * 30px ) ) } #pl-2292 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-2292-0.panel-no-style, #pg-2292-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-2292-1.panel-no-style, #pg-2292-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:780px){ #pg-2292-0.panel-no-style, #pg-2292-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-2292-1.panel-no-style, #pg-2292-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-2292-0 .panel-grid-cell , #pg-2292-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-2292-0 .panel-grid-cell , #pg-2292-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-2292-1-0 , #pgc-2292-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-2292 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-2292 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-2292 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }