nikolajrimskikorsakov

Композиторот Николај Римски-Корсаков (Николай Андреевич Римский-Корсаков) е руски композитор роден во 1844 година во местото Тихвин, а починал во 1908 година во Љубенск.

 

Иако рано покажал дека има талент за музика, тој прво се школувал на Руската поморска академија и ѝ служел на Руската морнарица. Додека не бил на море земал часови по музика кај композиторот Милиј Балакирјев – зачетникот на познатата „Руска петорка“. На 29 години се повлекол од морнарицата и целосно се посветил на музиката.

 

Никогаш не завршил музички конзерваториум, но бил професор по композиција и оркестрација. Компонирал многу, а за најзначајни дела се сметаат неговите опери. Напишал петнаесет, од кои најважни се „Бесмртниот Кашчеј“ и „Бајката за царот Салтан“. Заедно со колегата Александар Глазунов ја довршил операта на композиторот Александар Бородин „Кнез Игор“. Темите на неговите опери се разновидни – историски, бајковити и во нив се преплетуваат реалноста и фантазијата.

 

Покрај опери, компонирал и оркестарски дела, меѓу кои се издвојуваат „Шпанското капричо“, „Руската велигденска увертира“ и симфониската свита „Шехерезада“. Пишувал и уметнички песни, концерти, камерна музика, хорски дела, духовна музика.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.min.css); #pgc-7592-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pl-7592 #panel-7592-0-0-0 , #pl-7592 #panel-7592-1-1-0 { } #pg-7592-0 , #pg-7592-1 , #pl-7592 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-7592-1-0 , #pgc-7592-1-2 { width:10%;width:calc(10% – ( 0.9 * 30px ) ) } #pgc-7592-1-1 { width:80%;width:calc(80% – ( 0.2 * 30px ) ) } #pl-7592 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-7592-1.panel-no-style, #pg-7592-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:321px) { #pg-7592-1.panel-no-style, #pg-7592-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-7592-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-7592-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-7592-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-7592-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:320px){ #pg-7592-0.panel-no-style, #pg-7592-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-7592-1.panel-no-style, #pg-7592-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-7592-0 .panel-grid-cell , #pg-7592-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-7592-0 .panel-grid-cell , #pg-7592-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-7592-1-0 , #pgc-7592-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-7592 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-7592 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-7592 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }