shuma

  • Вака денес изгледа шумата на Џадав!

  1. 1

Сè започнало во 1979 со сонот на овој човек да посади дрва на пусто земјиште каде мали животни и птици ќе можат да си направат свој дом.

 

Фото: National Geographic

„Дури и змиите умреа на таа горештина, без ниедно дрвце. Седев и плачев за животот што изумира. Се обратив до секторот за шумарство за да ги замолам да посадат дрва тука, но тие рекоа дека тука ништо нема да порасне, па ме посоветуваа сам да почнам да садам бамбус. Беше тешко и болно, но успеав. Никој не ми помогна, никој не беше заинтересиран“, раскажува Џадав.

Следејќи го својот сон, Џадав Пајенг од Индија почнал редовно, речиси секојдневно, да сади млади стебла, кои денес се израснати во огромна шума, распространета на 550 хектари. Денес во оваа шума живеат 115 слонови, носорози, елени, тигри, голем број птици и мали животни создавајќи цел екосистем кој е од витално значење за регионот.

 

Откако била откриена неговата сторија, Џадав добил голем број признанија, а едно од тие е титулата „шумскиот човек“, служејќи како пример за посветеноста на еден човек да го заштити регионот во кој живее од природни катастрофи.

 

Фото: National Geographic

 

Сепак, најголемиот проблем за него и неговата мисија сè уште претставува алчноста на луѓето кои сакаат да ја исечат шумата и да ги ловат животните во нив.

 

Фото: National Geographic

 

„Ќе продолжам да садам додека сум жив“, вели Џадав.

Погледнете го прекрасниот документарен филм од National Geographic за Џадав и неговата шума.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.css); #pgc-3966-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-3966-0 , #pl-3966 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-3966-1-0 , #pgc-3966-1-2 { width:25%;width:calc(25% – ( 0.75 * 30px ) ) } #pgc-3966-1-1 { width:50%;width:calc(50% – ( 0.5 * 30px ) ) } #pl-3966 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-3966-0.panel-no-style, #pg-3966-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-3966-1.panel-no-style, #pg-3966-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:781px) { #pg-3966-1.panel-no-style, #pg-3966-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-3966-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-3966-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-3966-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-3966-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:780px){ #pg-3966-0.panel-no-style, #pg-3966-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-3966-1.panel-no-style, #pg-3966-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-3966-0 .panel-grid-cell , #pg-3966-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-3966-0 .panel-grid-cell , #pg-3966-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-3966-1-0 , #pgc-3966-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-3966 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-3966 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-3966 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }