topcinja

  • Собирачи на топчиња

  1. 1

На Вимблдон се бираат околу 250 момчиња и девојчиња – собирачи на топки, од вкупно околу 700 пријавени. Тие имаат просечна возраст од 15 години, а ја вршат функцијата на собирачи на топки најчесто по две години.

 

Четири тимови од по шест избрани деца се одговори за Централниот терен и теренот број 1, а другите шест шесточлени тимови се менуваат на останатите терени. Еден час собираат топки, па еден час одмараат.

 

Собирачи на топки постојат од 1920-тата година, а од 1977 тоа можеле да бидат и девојчиња. Дури во 1980 почнале да се прават мешани тимови од машки и женски собирачи, а од 1985 девојчињата станале дел и од главните тимови кои собираат топки на Централниот терен.

 

Обуката на овие момчиња и девојчиња почнува уште во февруари во посебен центар за тренинг, а после велигденскиот распуст, таа продолжува на терените на Вимблдон сè до средината на јуни, до пред самиот почеток на шампионатот. Децата (во групи од 50 до 60) имаат по четири тренинзи седмично во времетраење од 2 до 2,5 часа.

 

Погледни како се подготвуваат овие вимблдонските собирачи на топки:

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/inc/../css/front-flex.css); #pgc-2334-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-2334-0 , #pl-2334 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-2334-1-0 , #pgc-2334-1-2 { width:25%;width:calc(25% – ( 0.75 * 30px ) ) } #pgc-2334-1-1 { width:50%;width:calc(50% – ( 0.5 * 30px ) ) } #pl-2334 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-2334-1.panel-no-style, #pg-2334-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:780px){ #pg-2334-0.panel-no-style, #pg-2334-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-2334-1.panel-no-style, #pg-2334-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-2334-0 .panel-grid-cell , #pg-2334-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-2334-0 .panel-grid-cell , #pg-2334-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-2334-1-0 , #pgc-2334-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-2334 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-2334 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-2334 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }