Во спортската гимнастика во женска конкуренција натпреварите се одвиваат во четири дисциплини.
Прескок: Во прескок, гимнастичарките трчаат 25 m до прескочниот коњ или до отскочната табла од која, држејќи се со рацете, изведуваат вежба во воздух, префрлајќи се од другата страна на помагалото. Егзибицијата во воздух може да вклучува едно или две повеќекратни салта или колути или, пак, може да биде само вртење во воздух. При доскокот многу е важно гимнастичарката стабилно да застане со две нозе, бидејќи во спротивен случај тоа се казнува од страна на судиите.
Во 2001 година, старото помагало „коњ“ беше заменето со ново, отскочна табла што е поцврста, постабилна и со поголема површина (1 m со 1 m) и овозможува поголема стабилност и сигурност при изведувањето на прескокот. Со оваа промена на помагалото, гимнастичарите се обидуваат да изведат посложени и потешки вежби.
Двовисински разбој: Во дисциплината двовисински разбој, гимнастичарките изведуваат вежби на две хоризонтални шипки со различна висина, што е фиксно утврдена, за разлика од растојанието помеѓу нив, кое може да биде различно. Гимнастичарките на шипките се нишаат, кружат, се поместуваат, се движат под и над шипката и скокаат од една на друга за време на својот настап, што го завршуваат со скок со кој потребно е да се приземјат со двете нозе. Гимнастичарките често се качуваат на шипките користејќи помошна штица.
Греда: На греда гимнастичарките во рок од 60 до 80 секунди изведуваат разни скокови, движења, вежби и акробации. Според Меѓународната гимнастичка федерација, гредата треба да биде долга 500 cm, широка 10 cm и поставена на висина од 125 cm. За настап на греда потребна е рамнотежа, флексибилност и сила.
Партер: Оваа дисциплина се состои од вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12 m со 12 m во рок од 70 до 90 секунди, кои гимнастичарките ги изведуваат со придружба на музика.
@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.min.css); #pgc-6933-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-6933-0 , #pl-6933 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-6933-1-0 , #pgc-6933-1-2 { width:10%;width:calc(10% – ( 0.9 * 30px ) ) } #pgc-6933-1-1 { width:80%;width:calc(80% – ( 0.2 * 30px ) ) } #pl-6933 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-6933-1.panel-no-style, #pg-6933-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:321px) { #pg-6933-1.panel-no-style, #pg-6933-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-6933-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-6933-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-6933-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-6933-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:320px){ #pg-6933-0.panel-no-style, #pg-6933-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-6933-1.panel-no-style, #pg-6933-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-6933-0 .panel-grid-cell , #pg-6933-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-6933-0 .panel-grid-cell , #pg-6933-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-6933-1-0 , #pgc-6933-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-6933 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-6933 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-6933 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }