interesnifaktikoski

  • Прочитај повеќе интересни факти за коските:

  1. 1

  • Зошто ни се намалува бројот на коските во текот на животот?
    Се раѓаме со околу 300 коски, но кога ќе остариме остануваме со само 206.
    Тоа е затоа што, како растеме, многу од коските, како оние во черепот, се спојуваат.

 

  • Зошто и до кога растеме?
    Сè додека плочките за раст (на крајот од долгите коски во вашите раце и нозе) остануваат отворени, вие растете.
    Плочките се затвораат кон крајот на тинејџерските години кај момчињата, а кај девојчињата во просек две години порано.

 

  • Како да ги одржуваме нашите коски среќни?
    Вашите коски добиваат во густина сè додека не наполниме 30 години.
    Потоа, густината почнува да се намалува, особено доколку не вежбаме и не внесуваме доволно калциум и витамин Д.
    Вежбањето, па и секојдневните прошетки ги одржуваат коските здрави.

 

  • Како зараснуваат скршените коски?
    Оштетените коскени површини сраснуваат една со друга за да формираат нова коска.
    Понекогаш новата коска е посилна од претходната.

 

  • Нашиот скелет има многу задачи.
    Скелетот нè движи. Ни го штити мозокот, срцето и белите дробови. Создава крвни клетки.
    И токму тој ги складира и ги регулира минералите што му помагаат на целиот наш систем да функционира правилно.

 

  • Нашите најдолги и најкуси коски.
    Нашата феморална, или бутна коска, е најдолга.
    Чеканчињата во форма на узенгија што се наоѓаат во нашето средно уво се најкуси, достигнувајќи едвај 2,5 милиметри.
  • Каде имаме најмногу коски?
    Педесет и четири коски се наоѓаат во нашата дланка.
    Прстите и зглобовите ни овозможуваат да пишуваме, да користиме компјутер и да свириме на пијано.

 

  • Коската е живо ткиво.
    Колагенот во коските постојано се надополнува, така што речиси на секои седум години ние добиваме нов скелет.

 

  • И забите се дел од скелетот.
    И забите содржат калциум и минерали како и коските.
    Но, ним им недостига колаген, што на коските им дава флексибилност и сила.

 

  • Слични, а различни.
    Машкиот и женскиот скелет изгледаат изненадувачки слично.
    Но, формата, големината и аглите на поставеност на женската карлица се посебно оформени за раѓање.

 

  • Некои зглобови се неподвижни.
    Нашите коски се спојуваат на зглобовите.
    Некои коски, како оние на колената, се многу подвижни, а други, како оние на нашиот череп, се целосно неподвижни.

 

  • Зошто крцкаат зглобовите?
    Мускулите и лигаментите ги држат нашите зглобови, а ’рскавицата ги амортизира.
    Кога ’рскавицата ќе се истроши, се појавува болеста наречена артритис.

 

  • Што е „смешна коска“?
    Всушност, тоа не е коска.
    Тоа е нервот што се протега низ нашиот лакот и кој, доколку го удриме, ќе почувствуваме трпнење на раката, како кога нè лазат мравки.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/inc/../css/front-flex.css); #pgc-1714-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-1714-0 , #pl-1714 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-1714-1-0 , #pgc-1714-1-1 { width:50%;width:calc(50% – ( 0.5 * 30px ) ) } #pl-1714 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-1714-0.panel-no-style, #pg-1714-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-1714-1.panel-no-style, #pg-1714-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:780px){ #pg-1714-0.panel-no-style, #pg-1714-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-1714-1.panel-no-style, #pg-1714-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-1714-0 .panel-grid-cell , #pg-1714-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-1714-0 .panel-grid-cell , #pg-1714-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-1714-1-0 { margin-bottom:30px } #pl-1714 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-1714 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-1714 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }