bravisimo

Рубриката „Брависимо“ им е посветена на училиштата, учениците и нивните тековни успеси. Би сакале да ве поканиме да ги споделите вашите најнови постигнати успеси како училиште (проекти, манифестации и сл.), освоени награди, но и индивидуалните успеси на вашите ученици (на општинските и државните натпревари, но и други нивни успеси – ликовни и литературни конкурси, успеси и награди во музика, спорт итн.), секако проследени и со лична карта на училиштето. 

 

Доколку сакате да биде објавено вашето училиште, материјалот кој треба да го подготвите треба да биде краток и концизен – да вклучува податоци за лична карта на училиштето, текст кој ќе се фокусира на претставување на најголемите успеси на училиштето и/или учениците (проект, манифестација, награди и сл.) и неколку фотографии. Дополнително, можете да ни испратите и продолжен текст со уште информации од бараните, дополнителни фотографии, видео материјал и сл., материјали кои ќе бидат објавени во целост на нашата интернет страница www.libi.mk. Нашиот уредувачки тим ќе се погрижи за финалниот изглед на рубриката (содржински и графички), како и за лектурата и коректурата на евентуалните правописни недоследности.

 

Вашите материјали испратете ги на адреса bravisimo@libi.mk.

 

Од следните линкови можете да преземете пријава со прецизни насоки за подготовка на текстот и на содржините, како и официјален допис до овластените лица во училиштето, а сите дополнителни информации и прашања слободно контактирајте нè!

[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Button_Widget”][/siteorigin_widget]
[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Button_Widget”][/siteorigin_widget]
[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Button_Widget”][/siteorigin_widget]