За нас

Списанијата МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) се модерно дизајнирани списанија наменети за ученици од прво до трето, односно од четврто до шесто одделение од основните училиштa во нашата земја и ги покриваат содржините предвидени со наставната програма во основното образование.

 

Идејниот концепт на списанијата е да бидат извор на знаења за учениците и корисен дополнителен ресурс за наставниците по сите предмети што се изучуваат во овие одделенија, а особено по воведувањето на адаптираните наставни програми по математика и природни науки.

 

Овие две списанија веќе на прв поглед се издвојуваат од другите на пазарот и истовремено одговараат на потребите на денешните деца. Преку нив, на учениците им се нуди можност да прочитаат содржини посветени на образованието, културата, здравството, науката и сл., но сето тоа во корелација со предвидените наставни содржини и во чекор со современите општествени текови и најнови научни откритија.

 

МИНИ ЛИБИ и ЛИБИ како новина воведуваат и ИКТ содржини. Имено, на различни места низ рубриките се наведени дополнителни врски до интерактивни содржини, достапни на интернет страницата libi.mk, а кои ќе најдат директна примена во реализација на наставната програма. Овие прилози се адаптирани на мајчиниот јазик на децата и се однесуваат на конкретни методски единици.

 

Сите содржини во списанијата ги подготвува високоспецијализираниот и искусен кадар на Арс Ламина публикации со помош на широк стручен консултантски тим од наставниот процес. Посебен фокус е ставен на содржините од областа на математика и природни науки кои се строго составувани според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ.

 

Списанието излегува еднаш месечно за времетраење на училишната година.

 

Списанијата „Мини ЛИБИ“ (1 до 3 одд.) и „ЛИБИ“ (4-6 одд.) имаат согласност за издавање од страна на Министерството за образование и наука.