bakterii

[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Hero_Widget”][/siteorigin_widget]

Бактериите (латински Bacterium) се  голема група на живи организми кои главно имаат микроскопска големина. Тие се едноклеточни, со релативно едноставна клеточна  структура. Ним им недостасуваат и клеточни јадра. Во науката се нарекуваат прокариотски микроорганизми.

 

 

Бактериите се најраспространетите организми во природата и се среќаваат во различни форми, а најпознати се оние во вид на сфери (коки), стапчиња (бацили) и спирали. Тие се едни од најстарите животни форми на планетата и се среќаваат во сите средини. Се населуваат и во океаните, копната, врелите извори, екстремно киселите води и радиоактивните отпади. Нив ги има и во најголемите длабочини на земјината кора. Живеат и во сложените организми како што се животните и растенијата. Многу од нив се сè уште карактеризирани и само половина од нив можат да се култивираат во лабораторија. Науката за бактерии се нарекува бактериологија, а таа е гранка од микробиологијата.

 

Во еден грам почва има околу 40 милиони бактериски клетки, а во милилитар слатка вода околу милион бактериски клетки. На планетата Земја има околу 5×1030 бактерии. Кај човекот, најголемиот број на бактериски клетки кај се наоѓаат во цревата, а втори по бројност се бактериите на кожата. Најголемиот дел на бактериите кои живеат во човековото тело се сосема безопасни, а тие што живеат во цревната флора се дури и многу корисни.

 

Меѓутоа неколку видови на бактерии се патогени и предизвикуваат инфективни заболувања како што се: чума, лепра, антракс, сифилис, колера, туберкулоза итн. Најсмртоносните бактериски заболувања се инфекциите на дишните патишта од кои на прво место е туберкулозата која убива околу 2 милиона луѓе годишно.  Во развиените земји во лечењето на бактериските инфекции често се користат антибиотици, но секогаш најдобро е да води сметка да не дојде до инфекција со редовно водење грижа за нашето здравје. Прв чекор е редовната лична хигиена.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.min.css); #pgc-6199-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-6199-0 , #pg-6199-1 , #pl-6199 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-6199-1-0 , #pgc-6199-1-2 { width:20%;width:calc(20% – ( 0.8 * 30px ) ) } #pgc-6199-1-1 { width:60%;width:calc(60% – ( 0.4 * 30px ) ) } #pl-6199 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-6199-1.panel-no-style, #pg-6199-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:321px) { #pg-6199-1.panel-no-style, #pg-6199-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-6199-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-6199-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-6199-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-6199-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:320px){ #pg-6199-0.panel-no-style, #pg-6199-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-6199-1.panel-no-style, #pg-6199-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-6199-0 .panel-grid-cell , #pg-6199-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-6199-0 .panel-grid-cell , #pg-6199-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-6199-1-0 , #pgc-6199-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-6199 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-6199 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-6199 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }