bla

Најчести техники и практики во кошарката

Позиции и структура

Иако правилата не одредуваат какви било позиции, сепак тие се развиле како дел на кошарката. За време на првите пет децении од развитокот на кошарката, се употребувале еден чувар, двајца предни играчи и двајца центри или двајца чувари, двајца предни играчи и еден центар. Од 1980 година, се развиле поспецифични позиции:

  1. Плејмејкер“ или „клучен чувар“: обично е најбрзиот играч во екипата, кој го организира нападот на екипата, контролирајќи ја топката и обезбедувајќи ја до вистинскиот играч во вистинското време.
  2. Бек“: создава многубројни удари во напад, го чува најдобриот периферен одбранбен играч од противничката екипа.
  3. Крило“: често е одговорен за постигнувањето поени преку пресекување на топката и дриблинг пробивање, барајќи во одбраната скокови и кражби на топки, но понекогаш игра многу активно.
  4. Крилен центар“: често игра во напад свртен со грбот кон баскетот, во одбрана игра под кошот (во одбранбената зона) или против противничкиот пауер форвард (човек на човек одбрана).
  5. Центар“: ја користи големината за да поентира (во напад), за да го заштити одблиску кошот (во одбрана) или да скока.

Горните описи се променливи. Некогаш екипите ќе одберат да употребат тројца напаѓачки чувари, заменувајќи еден од форвардите или центарот со трет гард. Најчестите разменувачки позиции се поинт гард и шутинг гард, особено ако двајцата играчи имаат добри лидерски способности и способности да управуваат со топка.

Постојат две главни одбранбени стратегии: одбранбена зона и одбрана човек на човекОдбранбената зона вклучува играчи кои играат на одбранбени позиции, без разлика каков играч од противникот се наоѓа таму. Во одбраната човек на човек, секој одбранбен играч чува посебен противник и се обидува да го спречи од преземање акција.

Напаѓачките игри се различни, нормално вклучуваат планирани додавања и движења на играчите без топка. Брзо движење на напаѓач без топка да добие соодветна позиција се нарекува скратување. Дозволената намера на напаѓачот да го спречи противникот со испречување на патот на одбранбениот играч, така што неговиот соиграч го пресечува патот до него, се нарекува скрин или пик. Двете игри се комбинирани во пикенрол, во кој играчот создава пик и тогаш го мота/тркала пикот понатаму во правец на кошот. Скриновите и скратувањата се многу важни во нападите. Ова дозволува брзи додавања и екипна работа што може да доведе до успешна кошарка. Екипите речиси секогаш имаат планирано неколку напади, за да осигурат дека нивно движење е непредвидливо. На теренот, поинт гардот обично покажува која игра треба да се постави за напад.

Напаѓачките и одбранбените структури повеќе се нагласени во повисоките нивоа на кошарка. Таму, тренерот нормално бара тајмаут за да разговара.

Шутирање

Различни ставови за шутирање.

Шутирањето претставува обид да се постигнат поени со фрлање на топката низ баскетот. Методите на шутирање можат да варираат кај играчите и во различни ситуации, но најопштата техника може да се види овде во кратки црти.

Играчот треба да биде позициониран така што ќе биде насочен кон обрачот, со нозете оддалечени од рамото, колената се малку свиткани, а грбот е исправен. Играчот ја држи топката во доминантната рака (раката со која шутира), малку горе над главата, со другата рака од другата страна на топката. За да ја нишани топката, лакот на играчот треба да биде подреден вертикално, а однапред да се насочи кон баскетот. Топката се шутира со свиткување и продолжување на раката со која се шутира, за да се исправи. Топката се тркала на краевите од прстите, додека рачниот зглоб е полусвиткан надолу. Кога раката со која се шутира е фиксирана моментално, а топката е исфрлена, тоа значи дека следува удар. Сето тоа е поврзано за да се обезбеди прецизност. Општо, раката со која не се шутира се употребува само за да го води шутот, но не и да го реализира. Играчите често се обидуваат постојано да ја вртат топката за да го намалат влијанието од нејзин удар. Совршената траекторија на шутот е мошне дискутабилна, но стрелците можат да ја употребуваат таблата, за да ја пренасочат топката во баскетот.

Слободни фрлања.

Двете најопшти шутирања што беа објаснети погоре се поставен шут и шут од скок. Поставениот шут е реализиран од стоечка позиција, кога ниедна нога не го напушта подот, а обично се употребува за слободни фрлања. Шутот од скок се реализира во воздух, при највисок скок. Ова обезбедува поголема сила и простор, а исто така му дозволува на играчот да се подигне над дефанзивецот. Неуспехот да се исфрли топката пред играчот да се врати на теренот се нарекува патувачки прекршок. Друг општ шут се нарекува прикован шут. Овој шут бара од играчот да биде во движење околу баскетот и да ја прикова топката во баскетот, обично надвор од таблата (слободна табла, верзија на ниско фрлање се нарекува тркалање низ прсти). Најомилениот шут на публиката со најголем степен на прецизност е забивањето, во кој играчот скокнува многу високо и ја забива топката надолу, директно низ обрачот.

Друг општ шут е вкрстениот шут. Овој шут е со низок процент и се исфрла или се забива во обрачот, додека играчот нема рамнотежа, во воздух е, паѓа и/или е свртен од баскетот. Шут што ги утнува работ и таблата на баскетот се вели дека е воздушна топка. Особено лош шут или оној шут што само ја удира таблата, шеговито се нарекува тула.

Скокање

Целта на скокот е успешно да се освои топката, по нереализирано фрлање или слободно фрлање, кога топката ќе отскокне од обрачот или од таблата. Ова игра голема улога во играта, кога од повеќе топки екипата ќе утне шут. Постојат две категории на скок: напаѓачки скок, во кој топката повторно е освоена од напаѓачката страна и не го менува поседувањето, и одбранбен скок, во кој одбранбената екипа ја добива топката. Поголемиот дел од скоковите се одбранбени, бидејќи екипата има намера да биде во подобра позиција за да ги покрие утнатите удари.

Додавање

Основен начин на додавање на топката.

Додавањето е начин на движење на топката помеѓу играчите. Најмногу додавања се придружени со чекори за да ја зголемат силата и се реализира со раце за да се обезбеди прецизност.

Основно додавање е додавање кон градите. Топката се додава директно од градите на додавачот до градите на примачот. Точно градно додавање вклучува надворешно посегнување со палците, за да се додаде брзина и остава малку време на одбраната да реагира. Друг тип предавање е додавање од скок. Овде, додавачот скока брзо со топката околу две третини од патот од неговите гради до примачот. Топката удира на теренот и отскокнува во правец на примачот. Потребно е подолго време за да се реализира додавањето од скок отколку градното додавање, но исто така е потешко за противничката екипа да го пресретнат (намерното удирање на топката е прекршок). На тој начин играчот често употребува додавање од скок или да додаде околу дефанзивецот. Додавањето над глава се употребува за да се додаде топката над главата на одбранбениот играч. Топката е ослободена додека е исфрлена од додавачот.

Отвореното додавање се реализира кога екипата изведува дефанзивен скок. Следниот чекор по скокот е отвореното додавање.

Важен аспект од кое било добро додавање е можноста за пресретнување. Добрите додавачи можат да ја додадат топката со голема прецизност и допир и знаат точно каде сака да добие топката секој од соиграчите. Посебен начин за да се направи тоа е да се додаде топката без да се гледа соиграчот во моментот на додавање на топката. Ова се нарекува додавање без гледање.

Друг напреден начин на додавање е додавање зад грб, што, како што е опишано, вклучува фрлање на топката зад грбот на додавачот до соиграчот. И покрај тоа што некои играчи можат ефикасно да ги изведат таквите додавања, многу тренери не ги одобруваат ваквите додавања, сметајќи дека се основно слаби, тешки да се контролираат и најчесто резултираат со изгубени топки или прекршоци.

Дриблање

Основна позиција при дриблањето.

Дриблингот е акт на постојано скокање на топката со едната рака, а се бара од играчот да се движи со топката. За да дрибла, играчот треба повеќе да ја удира топката кон теренот со прстите, отколку да ја потурнува. Ова обезбедува поголема контрола. Кога со дриблање го поминал противникот, играчот треба да дрибла подалеку од него, оневозможувајќи му на дефанзивецот да стигне до топката. Затоа е важно за играчот да биде способен да дрибла со двете раце. Добрите дриблери (дресери на топка) настојуваат да ја удираат топката ниско на земјата, намалувајќи го растојанието од подот до раката, оневозможувајќи му на дефанзивецот да ја украде топката. Плус, добрите дресери на топка, често дриблаат зад нивните грбови, помеѓу нивните нозе и често ги менуваат рацете и насоките на дриблањето, создавајќи помалку непредвидлива шема, што е потешка да се одбрани. Ова се нарекува крст, што е најефикасен начин да се поминат дефанзивците кога се дрибла.

Искусен играч може да дрибла без да ја гледа топката, употребувајќи го движењето на топката или периферниот поглед, за да се следи местоположбата на топката. Не фокусирајќи се на топката, играчот може да ги бара соиграчите или да создава поволности, како и да избегне некој да ја украде топката од него/неа.

Блокирање

Основна позиција при блокирањето играч.

Блокирањето се изведува кога има обид за шут, т.е. кога дефанзивецот се обидува да го измени шутот со допирање на топката. Во речиси сите начини на игра, не е дозволено да се допира топката ако се наоѓа во долниот дел на нејзиниот лак. Ова е познато како обезбедување на целта. Исто така, не е дозволено да се блокира шут, откако топката ќе ја допре таблата или кога кој било дел од топката е директно над работ на баскетот.

За да се блокира шут, играчот треба да биде способен да постигне поен повисоко од реализираниот шут. На тој начин, висината претставува предност во блокирањето. Играчите кои се повисоки на позицијата пауер форвард или на центарските позиции, обично имаат повеќе блокади отколку играчите кои се пониски и играат на позиции чувари. Сепак, со добро темпирање и доволен вертикален скок, дури и пониските играчи можат да бидат ефикасни во блокирањето удари.

Извор: Википедија