cardano

Џироламо Кардано

Во 16 век италијанскиот математичар и лекар Џироламо Кардано (Girolamo Cardano) сакал да им помогне на глувонемите. Тој верувал дека тие можат да учат со помош на пишувани знаци. Со својата работа привлекол големо внимание, па шпанските свештеници Хуан Пабло Бонет (Juan Pablo Bonnet) и Педро де Понце (Pedro de Ponce), кои и самите со векови ги употребувале знаците за комуникација во манастирите, во 1545 година го формираат првото училиште за глуви лица во просториите на манастирот Сан Салвадор де Она, каде истите подучувале знаковен јазик.

 

Новитетот кој брзо се развивал низ територијата на Европа, набргу станува популарен и на американското тло. По пример на знаковниот јазик на Бонет, во 18 век, Шарл-Мишел де л'Епе, ја создава својата азбука, која буквално остана непроменета сè до денес. Во 1755, Абе де л’Епе, го основа првото приватно училиште за глуви деца во Париз; Лорен Клер несомнено му беше еден од најпознатите дипломци. Подоцна, заедно со Томас Хопкинс Галудет, замина во САД да го основа Американското училиште за глуви во Хартфорд, Конетикат. Во 1857, синот на Галудет, Едвард помладиот Галудет, основа училиште за глуви, кое подоцна,во 1864 прераснува во Универзитет Галудет во Вашингтон, единствениот универзитет за либерални уметности од и за глувите луѓе во светот.

 

Деца во училиште за Глуви

Денес во секоја цивилизирана земја постојат заедници и училишта за образование на глувите, немите и за оние чиј слух е тешко оштетен. Заедниците на глувите најчесто, но не и секогаш, се состојат од глуви членови. Членовите на заедниците на глувите обично комуницираат преку знаковниот јазик, со видливи разлики во јазикот низ различни делови во светот. На пример, низ Велика Британија и САД се користи англискиот како најчест говорен јазик, но знаковниот јазик кој овие земји го користат се разликува. Во Велика Британија, доминантен знаковен јазик е Британскиот знаковен јазик, додека пак во САД се користи Американскиот знаковен јазик. Секој од овие јазици има различна граматика и вокабулар, резултат на различното потекло на двата јазика.

 

Merikartano - училиште за глуви студенти во Оулу ,Финска

Во денешно време, на напредна технологија, веќе постојат уреди и апликации кои ја олеснуваат комуникацијата помеѓу двајца глуви, или кога барем еден од соговорниците е глув или наглув. Веќе постојат и апликации кои автоматски го преведуваат говорниот јазик во знаковен јазик, и обратно.