carlorff

КАРЛ ХАЈНРИХ МАРИА ОРФ (Carl Heinrich Maria Orff ) е германски композитор роден на 10 јули 1895 година, а починал на 29 март 1982 година. Најпознат е по неговата кантата „Кармина Бурана“ и по неговиот посебен пристап кон музичкото образование на најмладите.

 

КАРМИНА БУРАНА
„Кармина Бурана“ (латински: Carmina Burana) е сценска кантата компонирана помеѓу 1935 и 1936 година. Се заснова на 23 песни од збирката средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“, пронајдена во еден манастир во јужна Германија. Композицијата е дел од орфовиот триптих кантати пишувани врз латински текстови „Трионфи“, заедно со Кармина Катули и Трионфо ди Афродите. Најпознатиот дел од оваа кантата е „Фортуна Императрикс Мунди“ („О фортуна“), со кое се отвора и затвора ова дело.

Кантатата прв пат била изведена во Франкфурт од Франкфуртската опера на 8 јуни 1937 година и доживеало огромен успех. Толку многу што, Орф му пишал на својот изведувач со барање да ги уништи сите дела кои дотогаш му ги дал за печатење, затоа што сметал дека со ова дело почнува неговиот вистински опус (за среќа издавачот не го исполнил барањето).
 
Кантата е создададена во периодот на врвот на предвоената нацистичка власт и вознемирувало со многуте еротски елементи, па сепак станува најпопуларното дело компонирано за време на Нацистичка Германија. Дека уметноста не препознава режими и граници, покажува популарноста на „Кармина Бурана“и после војната, но и до денешно време.

 

ОРФОВ ИНСТРУМЕНТАРИУМ
Карл Орф развил музички метод кој започнувал со ритмички вежби и слободни движења на телото. Во неговиот оркестар, основни инструменти биле удиралките, а ним можеле да им се придружат и детски тимпани, ксилофони, ѕвончиња, а понекогаш и флејти и жичени инструменти. На тај начин, децата од самиот почеток можеле да учествуваат во осмислување на музичкото доживување. Ваквиот начин на вежбање се применува во основните училишта низ целиот Свет.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.min.css); #pgc-4220-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pl-4220 #panel-4220-0-0-0 , #pl-4220 #panel-4220-1-1-0 { } #pg-4220-0 , #pg-4220-1 , #pl-4220 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-4220-1-0 , #pgc-4220-1-2 { width:20%;width:calc(20% – ( 0.8 * 30px ) ) } #pgc-4220-1-1 { width:60%;width:calc(60% – ( 0.4 * 30px ) ) } #pl-4220 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-4220-0.panel-no-style, #pg-4220-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-4220-1.panel-no-style, #pg-4220-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:321px) { #pg-4220-1.panel-no-style, #pg-4220-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-4220-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-4220-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-4220-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-4220-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:320px){ #pg-4220-0.panel-no-style, #pg-4220-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-4220-1.panel-no-style, #pg-4220-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-4220-0 .panel-grid-cell , #pg-4220-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-4220-0 .panel-grid-cell , #pg-4220-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-4220-1-0 , #pgc-4220-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-4220 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-4220 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-4220 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }