crnsladoled

Новиот хит ова лето во светот е – црн сладолед!
Еве еден рецепт што можеш да го направиш и дома. Многу е лесно!

Потребни состојки:

  • 1 шолја густ крем (или хопла)
  • 1/4 шолја „црн кокосов прав“ (активен јаглен за јадење)
  • 1 чаша кисела павлака
  • 400 г засладено кондензирано млеко
  • 1 лажичка рендана кора од лимон
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица лимонов крем
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Корнети

Постапка:

Во поголем сад стави го кремот и една лажица од јагленот, мешајќи со рачен миксер додека не се создаде цврста пена. Стави на страна. Во друг сад стави ги останатите состојки и остатокот од јагленот и измешај ги. Потоа, спој ги двете смеси и измешај ги со лажица, па префрли ги во стаклен сад. Садот покриј го со кујнска најлонска фолија и остави го во фрижидер за длабоко замрзнување преку ноќ.

Топките црн сладолед можеш да ги комбинираш и со други вкусови. Можеш и да ги украсиш корнетите и топките, по твој избор.

Дај ѝ шанса на оваа црна студена ужинка овие летни денови!

И брзо фотографирај го твојот црн сладолед пред да се растопи ­– и прати ни фотографија на libi@literatura.mk!

 

На здравје!