dzin

Џин е митолошко суштество со огромни димензии.
 
Џинот најчесто има човечки лик, само што неговите димензии се огромни. Сепак, понекогаш, џинот е претставен и како получовек и полуживотно. Во некои бајки, џиновите се непријателски расположени кон луѓето и се хранат со нив. Понекогаш, тие се опишани како невидливи суштества кои летаат со огромна брзина и можат за еден миг да се појават или да избегаат. Често, џиновите грабнуваат девојки или царски ќерки и ги принудуваат да им бидат жени или слугинки.
 
Посебна улога во бајките имаат мајките на џиновите. По правило, тие имаат поголем број синови кои ѝ се многу потчинети.
 
Во книгата „Големиот добар џин (ГДЏ)“ светски познатиот писател за деца го опишува џинот како „премногу добар и смотан“, за разлика од другите џинови со кои живее што дробат и џвакаат коски. Тој една ноќ ја грабнува Софи. Кога Софи разбира дека лошите џинови јурнуваат кон Англија за да јадат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш за секогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!
 
Книгата „Големиот добар џин (ГДЏ)“ на Роалд Дал и со илустрации на Квентин Блејк е светски детски бестселер, достапен и на македонски јазик. По оваа книга Стивен Спилберг сними и филм.