faraoni

  • За фараоните

  1. 1

Фараон е име за владетел во стар Египет.

 

Дури единаесет египетски фараони го носеле името Рамзес, од кои најпознат е Рамзес Втори (Велики).

 

Фараоните биле сопственици на големи имоти. Населението на Египет се делело на повеќе слоеви. Најбогат слој се роднините, соработниците, војсководците и свештениците на фараонот. Тие живееле во убави раскошни куќи палати и дворци, а додека свештениците живееле во храмови. Во градовите живееле и слободни луѓе, а тоа биле трговците и занаетчиите. Најброен слој во Египет биле селаните. Тие работеле на имотите на египетските фараони. Најтешка работа имале робовите. Тие работеле на градилиштата, во рудниците како и биле веслачи на бродови. Фараоните имале најмногу поддршка од своите свештеници и неговата војска. Се верувало дека по смрта на фараонот ќе продолжи да живее во задгробниот живот. Поради тоа тие им ставале на фараоните најразлични предмети и храна. Многу често на некои слики биле претставувани фараоните или фараонките со нивните мажи или жени исто така биле претставувани и со некои божици или богови. Со извесен прекин египетската држава опстојувала се до 31 година пред нашата ера кога потпаднала под римската власт.

 

Фараонот бил „извор на живот, здравје и радост“. Неговото име не смеело да се спомнува без потреба. Заради тоа, за фараонот се зборувало како за „висок дом“. Се велело, на пример: „Високиот дом“ нареди. Фараонот бил поздравуван со поклонување до земја. Била голема чест за оној кој можел намесот земјата да го бакне стапалото на фараонот. При самата помисла на средба со фараонт многумина паѓале во несвест! Еден стар дворјанин, кому му била дадена можност да го види фараонот, умрел од среќа.

 

Фараонот ја имал сета државна власт (управна, судска и законодавна). Правото било израз на неговата волја, иако имал советници за издавање на правни акти, тн. „советници за царски наредби“. Фараонот бил гарант на маат, новиот светски поредок, што значело дека претходно владеел хаос, а дека со фараоните дошло до воспоставување на ред.

 

По обединувањето на Египет, фараонот носел две круни – бела круна (симбол за Горен Египет) и црвена круна (за Долен Египет). Подоцна двете круни се споени во една, двојна круна. Фараоните исто така прво биле погребувани во две гробници, една на север и една на југ (празната гробница се нарекувала кенотаф).

 

И покрај божествениот статус и огромната власт и моќ, некои антички писатели тврделе дека на фараоните не им било баш лесно. Според нив, фараонот имал толку многу обврски што воопшто не му останувало слободно време.

 

Фараонот морал да биде и многу витален, бидејќи се верувало дека тој обезбедува живот, плодност, здравје и радост. Затоа стар или болен човек не можел да стане фараон.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/inc/../css/front-flex.css); #pgc-2422-0-0 , #pgc-2422-1-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-2422-0 , #pl-2422 .so-panel { margin-bottom:30px } #pl-2422 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-2422-0.panel-no-style, #pg-2422-0.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:780px){ #pg-2422-0.panel-no-style, #pg-2422-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-2422-1.panel-no-style, #pg-2422-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-2422-0 .panel-grid-cell , #pg-2422-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-2422-0 .panel-grid-cell , #pg-2422-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pl-2422 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-2422 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-2422 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }