gospodinfilodendron

Повеќе за авторот:

Андреј Розман (роден на 25 мај, 1955 година) е словенечки поет, писател, актер и продуцент. Пишува песни и создава претстави за деца, а покрај тоа пишува и сатирична поезија за возрасни.

 

За книгата:

На господин Филодендрон многу работи не му беа јасни, ама тоа понекогаш го правеше многу среќен.

Еднаш, додека на радио слушаше некоја песна на странски јазик, тој си претставуваше дека во песната се пее за работи што си ги сака. Да речеме, за тоа колку убав појадок си има направено тоа утро или за тоа како некогаш ќе измисли нешто што никому не му текнало и така ќе стане славен.

 

„Господин Филодендрон“ од Андреј Розман Роза со преубавите илустрации на Ана Кошир е книга што ќе ве насмее до солзи, а можете да ја најдете во книжарницата „Литература.мк“.