hokejfakti

40 интересни факти за хокејот

 

 

Кога еден спорт постои толку долго колку хокејот, неизбежно е да го опкружуваат многу интересни факти, легенди и приказни. Од натпревари со десет поени, изгубен куп „Стенли“, па сè до легендата за закривената острица на палката, многу нешта, со сигурност, го прават хокејот уникатна игра. Еве неколку интересни факти и бројки за овој спорт на мраз:

 

 

  1. За разлика од бејзболот или кошарката, потеклото на хокејот, во најмала рака, е мистериозно. Додека некои велат дека извесна варијанта на играта играле Французите и Ирците уште во 18. век, други тврдат дека била измислена во средината на 19. век кога Канаѓаните со палки направени дома се лизгале на замрзнатите езерца во Онтарио.
  2. Првиот организиран натпревар во хокеј на затворено бил изигран на 3 март 1875 година на лизгалиштето „Викторија“ во Монтреал помеѓу два тима од по девет играчи, од коишто многумина биле студенти на универзитетот „Мекгил“.
  3. Често се смета дека играчот на екипата „Чикаго блекхокс“ и припадник на Куќата на славните, Стен Микита, ја креирал закривената острица на палката во шеесеттите години на 20. век (претходно сите острици биле прави), иако многу други, вклучувајќи го и Енди Батгејт, уште еден член на Куќата на славните, исто така тврдат дека ги закривувале палките уште во триесеттите и четириесеттите години на 20. век.
  4. Националната хокејска лига (НХЛ) е основана на 22 ноември 1917 година.
  5. Тимот „Монтреал канејдианс“ има освоено најмногу купови „Стенли“ во историјата на лигата, дури 23. Последниот го освоиле во 1993 година.
  6. Дијаметарот на плочката за хокеј изнесува 3 инчи (7,62 см).
  7. Најбрзиот регистриран удар со палката е на Боби Хал, со брзина од 190 км/ч.
  8. Од 1914 година, купот „Стенли“ се доделува секоја година со исклучок на две години. Во 1919 година не бил доделен откако членовите на „Монтреал канејдианс“ се разболеле за време на пандемијата на шпански грип, а во 2005 година не бил доделен откако сезоната била откажана поради штрајк.
  9. Дерил Ситлер го држи рекордот во НХЛ за најмногу освоени поени во еден натпревар, дури 10. Дал пет гола и имал пет асистенции на 6 февруари 1976 година, со што му помогнал на својот тим „Торонто мејпл лифс“ да го победи тимот „Бостон бруинс“.
  10. Стандардното северноамериканско лизгалиште е долго 61 метар, а широко 26 метри.
  11. Вејн Грецки држи 61 рекорд во НХЛ, најмногу рекорди што ги направил еден играч.
  12. Купот „Стенли“ го снашле многу авантури од создавањето во 1893 година. Низ годините, бил користен како чинија за житарки, случајно бил оставен покрај улица, бил фрлен во базен, па дури и изгубен како багаж во 2010 година на лет од Њу Џерси до Ванкувер. Подоцна го вратил вработен од „Ер Канада“.
  13. Куќата на славните во хокеј се наоѓа во Торонто, Онтарио.
  14. Фил Еспосито од „Бостон бруинс“ бил првиот играч од НХЛ што забележал 100 поени во сезона во 1969 година.
  15. Пред 1914 година, судиите ја ставале плочката помеѓу палките на играчите за почеток на играта. Како резултат на тоа, судиите завршувале со исеченици, модринки па дури и скршени раце. Почнувајќи од 1914 година, на судиите им било дозволено да ја фрлат плочката помеѓу палките на играчите.
  16. Пред натпревар, плочките за хокеј се замрзнуваат за да не отскокнуваат за време на играта.
  17. Последниот играч во НХЛ кој играл без шлем бил Крег Мектавиш, кој се пензионирал во 1997 година.
  18. Голманот на „Монтреал канејдианс“, Жак Плант, се смета за креаторот на модерната голманска маска. Носел заштитна маска за лице за време на натпревар на 1 ноември 1959 година. Клинт Бенедикт, исто така, носел кожна маска на неколку натпревари во 1930 година.
  19. Рекордот на НХЛ за најмногу голови во натпревар го држи Џо Малон, кој постигнал седум гола за „Квебек булдогз“ против „Торонто Сент Патрикс“ на 31 јануари 1920 година.
  20. Првата плочка за хокеј што се користела за време на аматерски натпревари на отворено во осумдесеттите години на 19. век наводно била направена од смрзнат кравји измет.
  21. Мрежата на голот за хокеј е широка 1,8 метри, а висока 1,2 метри.
  22. Купот „Стенли“ е наречен според поранешниот генерален гувернер на Канада, Лордот Стенли од Престон, кој го донирал трофејот во 1893 година.
  23. „Мејпл лифс гарден“, поранешниот дом на тимот „Торонто мејпл лифс“, во 1932 година станала првата арена што имала часовник за мерење на натпреварот со четири страни.
  24. Во Детроит, фановите често фрлаат октоподи на мразот за време на одлучувачките натпревари, кога тимот „Ред вингс“ дава гол. Традицијата потекнува од времето на „оригиналната шесторка“, кога биле потребни осум победи, една за секоја пипка од октоподот, за да се освои купот „Стенли“.
  25. Во 1992 година, голманката Манон Реом станала првата жена која играла во НХЛ, бранејќи го голот на „Тампа беј лајтнинг“ за време на пријателски натпревар.
  26. Голманите не смеат да ја носат, ниту пак да ја допрат плочката на спротивната страна од централната линија.
  27. Дванаесет играчи од тимот „Монтреал канејдианс“ од 1956 година станале членови на Куќата на славните во иднина.
  28. Пол Кофи од „Едмонтон ојлерс“ поставил рекорд за бранител во НХЛ со 37 поени на решавачките натпревари во 1985 година.
  29. Слојот мраз на професионално лизгалиште за хокеј обично е дебел 1,9 см и се одржува на температура од -9 Целзиусови степени.
  30. Оригиналниот пехар од купот „Стенли“ бил висок само 18 см.
  31. Тимот „Анахајм дакс“, што на почетокот се викал „Анахајм мајти дакс“, бил наречен според тимот од филмот на „Дизни“, „Мајти дакс“ („Моќните патки“).
  32. Во 1971 година, Боби Ор потпишал петгодишен договор со „Бостон бруинс“ вреден 200.000 долари за сезона. Тоа бил првиот милионски договор во историјата на НХЛ.
  33. Првиот гол во НХЛ бил постигнат на 19 декември 1917 година од страна на Дејв Ричи од тимот „Монтреал вондерерс“ против „Торонто аренас“.
  34. Поранешниот голман на „Филаделфија флајерс“ Рон Хекстал бил првиот голман кој постигнал гол со забивање на плочката во мрежата на противничкиот тим.
  35. Френк Замбони ја измислил првата машина за чистење мраз што се движи самостојно во 1949 година.
  36. Во драфтот на НХЛ од 1974, раководителот на тимот „Бафало сејбрс“ Панч Имлак решил да ги измами медиумите и службените лица на лигата така што го регрутирал Таро Цуџимото од тимот „Токио катанас“ на јапонската хокеарска лига. Проблемот бил тоа што ниту Цуџимото ниту неговиот тим не биле вистински. Изборот подоцна бил избришан од записите.
  37. На пехарот од купот „Стенли“ се гравирани имињата на дванаесет жени, како сопственички или раководителки на тим.
  38. Традицијата, фановите да мавтаат со бели крпи за време на решавачките натпревари почнала во 1982 година, кога тогашниот тренер на „Ванкувер канукс“, Роџер Нилсон, му мавтал со бела крпа закачена на стап на еден судија за време на натпревар, како дрзок знак дека се предава по неколку дискутабилни повици.
  39. Енди Браун бил последниот голман кој играл натпревар без маска и тоа во состав на тимот „Питсбург пингвинс“.
  40. Пред сезоната 1927-28 година во хокејот не било дозволено додавање.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.css); #pgc-6270-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-6270-0 , #pl-6270 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-6270-1-0 , #pgc-6270-1-2 { width:20%;width:calc(20% – ( 0.8 * 30px ) ) } #pgc-6270-1-1 { width:60%;width:calc(60% – ( 0.4 * 30px ) ) } #pl-6270 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-6270-1.panel-no-style, #pg-6270-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:781px) { #pg-6270-1.panel-no-style, #pg-6270-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-6270-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-6270-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-6270-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-6270-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:780px){ #pg-6270-0.panel-no-style, #pg-6270-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-6270-1.panel-no-style, #pg-6270-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-6270-0 .panel-grid-cell , #pg-6270-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-6270-0 .panel-grid-cell , #pg-6270-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-6270-1-0 , #pgc-6270-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-6270 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-6270 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-6270 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }