legendaorevokrsacka

Според германскиот фолкор, оревокршачките се подарувани за да донесат среќа на семејството и да го штитат домот.
 
Легендата кажува дека оревокршачката претставува моќ и сила и на некој начин е пес-чувар кое го штити семејството од лошите духови и опасности.
 
Им ги покажува своите заби на злите демони и е традиционален гласник на среќата и добрата волја.
 
Оревокршачката е олицетворение на животниот циклус. Таа е како семе од орев, кое потоа расте во дрво кое живее стотини години и им дава работа на дрвосечачите и дрводелците.
 
Според народните преданија, пред секоја голема сеча на старите дрвја се правела гозба на која се јаделе овошки и јатки со цел да се пренесе магијата и мистеријата на овој вечен животен циклус.