mienjezabi

[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Hero_Widget”][/siteorigin_widget]

Правилното и редовно миење на забите е многу важно. Тоа го спречува нивното расипување, а го освежува и здивот.

Затоа треба да стекнете навика за редовно четкање на забите. Со здравите навики ќе имате бисерни насмевки.

Забите треба да се мијат најмалку двапати дневно (наутро и навечер пред спиење) и по секој оброк.

Четкањето треба да трае две минути и да ги опфати сите заби.

Користете соодветна четка за заби и квалитетна паста за заби со флуориди. Задолжително треба да се четкаат надворешните површини, (тие што се во допир со усните и образите), внатрешните (тие што се свртени кон јазикот), површините за џвакање, како и границата помеѓу непцето и забот. Горните заби треба да се четкаат од горе надолу, а долните од долу нагоре.

[siteorigin_widget class=”SiteOrigin_Widget_Video_Widget”][/siteorigin_widget]