bura

Рускиот композитор Петар Илич Чајковски ја напишал оваа увертира за голем симфониски оркестар кога имал 24 години, а бил инспириран од една драмска претстава со истото име. Тоа го сторил како вежба додека бил на одмор во Украина, но за жал, немајќи самодоверба дека композицијата е доволно добра, таа никогаш не била изведена за време на неговиот живот, туку три години по неговата смрт.

БУРА

Сигурно во овие редови посветени на „дождовната“ музика забележа и некои непознати зборови. Еве што значат тие:

 

Пасторала – песна со теми од пастирскиот, овчарскиот живот во природата; музичко дело со пастирски, идиличен карактер.

 

Прелудиум – воведен дел од музичка композиција; куса самостојна музичка творба, обично за пијано.

 

Увертира – музички вовед во опера, оперета или балет; вид мало симфониско дело.

 

Партитура – збир на сите партии од една повеќегласна музичка творба.