elektricnivozila

Електричен автомобил (електромобил) — автомобил што се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување.

 

Електричните автомобили беа популарни во крајот на 19 и почетокот на 20 век, сè до напредокот во технологијата за мотори со внатрешно согорување и масовното производство на возила што работат на поевтин бензин што доведе до пад во употребата на возила со електричен погон. Енергетската криза во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век доведе до краткотраен интерес во електричните автомобили. Од средината на 2000 година, производството на електричните автомобили доживува преродба поради напредокот во технологиите за батерии и управување со енергијата, но и е загрижено поради сè почестата нестабилност околу цените за нафта и потребата за намалување на испуштањата на штетните, стакленички гасови.

 

Германски електричен автомобил, 1904

 

Електричните автомобили имаат неколку предности во споредба со автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување, како што се: значително намалување на локалното загадување на воздухот, бидејќи тие немаат ауспух и затоа не испуштаат штетни гасови од вградениот извор на енергија во моментот кога работат возилата; намалено испуштање на стакленичките гасови од вградениот извор на енергија, во зависност од горивото и технологијата користена за создавање на електрична енергија за полнење батериите; и помала зависност од странската нафта, што за САД или за другите развиени земји или за земјите во развој е причина за загриженост за ранливоста на нестабилните цени на нафтата и за прекини во снабдувањата. Исто така, за многу земји во развој, а особено за најсиромашните земји во Африка, високите цени на нафтата имаат негативно влијание врз нивниот платен биланс, попречувајќи го нивниот економски пораст.

 

Погледни еден краток историски преглед на еволуцијата на електричните возила: