megjunarodnaznakovnaazbuka

Не постои само еден универзален јазик, туку постојат многу варијанти на знаковните јазици. Всушност може да има повеќе од еден знаковен јазик во иста земја, исто како што е со говорните јазици. Постојат и цели „семејства“ меѓу знаковните јазици (како што има и за говорните јазици – на пример, романски или словенски јазици). Австрискиот знаковен јазик или холандскиот знаковен јазик се полесно разбрливи за некој кој знае германски знаковен јазик, во споредба со некој кој знае италијански знаковен јазик. Спротивно на тоа, Британскиот знаковен јазик е многу различен од кој било друг европски знаковен јазик и е сличен само на Австралискиот знаковен јазик.

 

Во таа смилам, не постои еден меѓународен знаковен јазик, што би можел да се смета како „лингва франка“. Но, постои меѓународен систем за комуникација, кој често се користи на меѓународни конференции и на состаноци каде учесници не користат заеднички знаковен јазик. Овој помошен јазик навистина се користи како „лингва франка“ меѓу корисниците на знаковни јазици од различни земји, како и во спонтан разговор. Тој нема фиксна граматика или лексикон и се води според гестови, кои имаат значење само во тој специфичен контекст, и толкувачот користи речник од неговиот мајчин јазик. Тоа значи дека знаците се разјаснуваат и често повеќе од еден знак се користи за да се опише концептот за да се осигури разбирливоста.

Меѓународна знаковна азбука: