predizvikzamladiistrazuvaci

 

Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за сознавање на светот на начин што ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе можеме да израснеме генерации кои ќе го унапредат начинот на кој размислуваме, начинот на кој ги практикуваме секојдневните активности и меѓусебно комуницираме.

 

Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) ве повикуваат да учествувате на предизвикот за млади истражувачки и истражувачи. Најдобрите ќе бидат наградени!