mravki

  • Неверојатни факти за мравките

  1. 1

Познато е дека мравките имаат најразвиен општествен живот во животинскиот свет и дека иако во колониите ги има многу, секоја мравка има свои задолженија.

 

Дали знаеш дека ниту кај еден друг животински вид не е толку развиено чувството за колективна работа?

 

Членови на една колонија мравки.

Еве неколку интересни факти за нив.

  • Мравките живеат на копно насекаде на Земјината топка, освен на Антарктикот (Јужниот Пол).
  • Постојат повеќе од 12.000 различни видови мравки.
  • Вкупната тежина на сите мравки на планетата Земја е речиси еднаква со масата на сите луѓе. Иако изгледа неверојатно тоа да е така со оглед на тоа дека мравките се толку мали во однос на луѓето, научниците сметаат дека на планетава постојат околу милион и пол мравки на еден човек, така што тврдењето е точно.
  • Колониите на мравките можат да бројат од стотина до милијарда единки. Некои колонии можат да бидат многу сложени лавиринти и да се простираат неколку метри под земјата.  Колониите ги сочинуваат кралици, мравки – работнички и мажјаци.
  • Секоја колонија мравки има една или повеќе кралици. Тие лежат јајца за кои се грижат мравките – работнички кои се неплодни. Покрај грижата за младите, должноста на работничките е да пронаоѓаат храна и да ја штитат колонијата од непријателите.

    Приказ на колонија од мравки, со огромен број на тунели и комори.

  • Просечниот живот на мравките – работнички трае од 1 до 3 години, додека на мажјаците само неколку недели. Кралиците можат да живеат и до 30 години.
  • Животниот циклус на мравките се состои од четири фази: јајце, ларва, кукла и возрасна мравка.
  • Новата генерација на изведени мравки, мажјаци и женки, имаат крилја кои им служат да ја напуштат старата колонија во потрага по погодно место за создавање на нова колонија. Откако ќе најдат место за новата колонија, мравките ги губат своите крилја и започнуваат да се размножуваат формирајќи нова генерација на мравки.
  • Мравките имаат моќ да кренат товар 50 пати потежок од нивната тежина.
  • Најголемата мравка е долга 2.5 сантиметри, а најмалата само 1 милиметар.
  • Како и сите останати инсекти и мравките имаат по шест нозе изградени од по три членчиња. Нозете им се многу силни и затоа можат да се движат и трчаат многу брзо. Кога човекот би трчал толку брзо како мравките, тој би достигнал брзина на тркачки коњ.
  • Мравките не ги користат своите антени само заради сетилото за допир, туку со нив можат и да мирисаат.
  • Секоја колонија има сопствен мирис. Затоа непријателот може лесно да се препознае.
  • Мравката има најголем мозок меѓу инсектите со околу 250.000 мозочни клетки. Човечкиот мозок имa околу 10.000 милиони клетки. Една колонија од 40.000 мравки има иста големина на мозок како човекот.
    Leaf cutter ants (Atta cephalotes) carrying leaves, close-up
  • Мравките имаат силни вилици со кои можат да сечат како со ножици. Но, возрасните мравки не можат да џвакаат и да голтаат тврда храна, заради што најчесто се хранат со сокови од растенијата.
  • Мравките немаат бели дробови. Кислородот им влегува низ мали дупки кои се наоѓаат по целото тело, а низ тие исти отвори потоа излегува и јаглерод диоксидот.
  • Мравката има два желудника – во едниот оди храната за него, а во другиот храната која ќе ја подели со останатите мравки.
  • Иако се пикаат насекаде и носат со себе секакви ронки, мравките всушност живеат во чистотија. Некои работници се задолжени за расчистување на сметот од мравјалникот, кој потоа го ставаат во посебни „депонии“.
  • Некои мравки спијат по седум часа на ден.
  • Некои видови на мравки при касање ослободуваат мравја киселина којашто предизвикува огромно чувство на болка и печење. Каснување од некои видови мравки може да биде и смртоносно.

 

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/inc/../css/front-flex.css); #pgc-95-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-95-0 , #pl-95 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-95-1-0 , #pgc-95-1-2 { width:20%;width:calc(20% – ( 0.8 * 30px ) ) } #pgc-95-1-1 { width:60%;width:calc(60% – ( 0.4 * 30px ) ) } #pl-95 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-95-0.panel-no-style, #pg-95-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-95-1.panel-no-style, #pg-95-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:780px){ #pg-95-0.panel-no-style, #pg-95-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-95-1.panel-no-style, #pg-95-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-95-0 .panel-grid-cell , #pg-95-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-95-0 .panel-grid-cell , #pg-95-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-95-1-0 , #pgc-95-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-95 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-95 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-95 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }