rimickagimnastika

Ритмичката гимнастика е нова гимнастичка форма што се развила во последно време и стана многу популарна. Во неа настапуваат само жените, но постои и ритмичка гимнастика во машка конкуренција со потекло од Јапонија. Изведбата е на поголема површина од партерот, а гимнастичарките со придружба на музика што може да има вокали, но не и зборови и со помош на хулахопи, ленти, топки и јажиња го имаат својот настап. Изведбата е групна, а настапот се оценува од судиите со максимални 20 поени.

 

Скокови на трамбулина

Скоковите на трамбулина се нова гимнастичка дисциплина што првото светско првенство го има доживеано во 1964 година, а од неодамна е и дел од олимписката програма. Скоковите се изведуваат во четири вида натпревари: поединечни, синхронизирани, мини двојни и моќни превртувања; но само поединечните скокови се дел од олимписката програма. Во индивидуалните скокови на трамбулина, гимнастичарот изведува десет последователни скокови без пауза со кои би добил висина за да може да почне со изведбата на вежбата. Настапот се оценува со максимални десет поени, а можни се и се доделуваат дополнителни поени во зависност од квалитетот на изведбата. Синхронизираните скокови се изведуваат слично со тоа што и двајцата натпреварувачи треба да имаат синхронизирани движења, за да добијат подобри оцени. Во мини двојните скокови, скоковите се изведуваат на помала трамбулина со загревање. Се извршуваат две движења, а оцените се доделуваат на сличен начин како и кај индивидуалните скокови. Во моќно превртување, гимнастичарите изведуваат моќни скокови, превртувања и движења на свиткана подлога. Оценувањето е слично како кај индивидуалните скокови.

 

Корективна гимнастика

Корективната гимнастика содржи повеќе вежби што ги изведуваат лица на сите возрасти со цел да ги отстранат деформитетите на своето тело. Повеќе луѓе вежбаат заедно во групи од шест, па и над 150 луѓе. Вежбите се изведуваат синхронизирано и се категоризирани. Групите можат да бидат составени од лица од ист пол, но најчесто се мешани. Најголем настан е Светската гимнаестрада, што првпат се одржала во 1939 година и се одржува на секои четири години.

 

Аеробичка гимнастика

Аеробичката гимнастика (порано позната како спортска аеробика) е вид гимнастика во кој групи од повеќе од шест лица изведуваат вежби за чијашто изведба е потребна сила, флексибилност и издржливост и се менуваат на секои 60 до 90 секунди.

 

Акробатска гимнастика

Акробатската гимнастика (порано позната како спортска акробатика), или акроспортови, е вид гимнастика во кој се натпреваруваат мажи и жени во парови од по двајца, тројца или четворица, при што изведуваат вежби со главата, рацете и нозете на своите партнери. Може да се избере и сопствена музика, но лириката е забранета. Натпреварувачите се натпреваруваат во А и B категорија, а потоа во нивоата 1, 2, 3, 4 и 5; од 3, 4 и 5 две рутини се постигнати, баланс и темпо.

 

Екипна гимнастика

Екипната гимнастика потекнува од Скандинавија и овој вид гимнастика бил на некои големи настани повеќе од 20 години. Екипите се составени од 6 до 12 члена, мажи или жени или мешано. Настапуваат во три дисциплини: партер, трампета и превртување.

 

Во натпреварите на трампета и во превртување настапуваат шест члена од екипата. Тие ги покажуваат своите способности еден по друг многу брзо. За најдобар се оценува последниот потег. На партер се настапува со придружба на музика.

 

Партер: Настапуваат сите членови на екипата. Станува збор за мешавина од танцување, флексибилност и вештини. Потребна е категоризација во вештините, а судиите обрнуваат внимание на промените во острината. Потребно е да има барем два брана со тело, едно вртење, два баланса и неколку други гимнастички акробации. Изведбата е придружувана со музика.

 

Трампета: Во оваа дисциплина се користи трампета. Има две компоненти прескок и самата трампета. Постојат вкупно три дела, а само еден треба да биде прескок. Другите делови треба да го содржат истиот потег од сите гимнастичари. Така е најчесто во првиот дел. И тука изведбата е со придружба на музика.

 

Превртување: И тука има три дела. Едниот вклучува предни серии изведувани од сите шест гимнастичари. Другиот дел исто така треба да содржи елементи што ги изведуваат сите гимнастичари, а секоја серија мора да има најмалку три различни акробации.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.min.css); #pgc-6948-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-6948-0 , #pl-6948 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-6948-1-0 , #pgc-6948-1-2 { width:10%;width:calc(10% – ( 0.9 * 30px ) ) } #pgc-6948-1-1 { width:80%;width:calc(80% – ( 0.2 * 30px ) ) } #pl-6948 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-6948-1.panel-no-style, #pg-6948-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:321px) { #pg-6948-1.panel-no-style, #pg-6948-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-6948-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-6948-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-6948-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-6948-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:320px){ #pg-6948-0.panel-no-style, #pg-6948-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-6948-1.panel-no-style, #pg-6948-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-6948-0 .panel-grid-cell , #pg-6948-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-6948-0 .panel-grid-cell , #pg-6948-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-6948-1-0 , #pgc-6948-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-6948 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-6948 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-6948 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }