sapun

Сапун

 

Научно кажано, сапуните се алкални соли на вишите масни киселини. Тие индустриски се произведуваат со процесот наречен сапонификација. Се прават од природни масла и масти кои се обработуваат со силен базен раствор, најчесто натриум хидроксид. При оваа постапка настанува смеса од алкални соли на масни киселини и глицерол. Сапуните се користат како средства за перење, чистење и одржување на лична хигиена, но се користат и во индустријата во неколку производни процеси.

 

Во ископините на древниот Вавилон се пронајдени докази дека сапунот се употребувал 2800. година пред нашата ера. Вавилонците први го познавале начинот на правење сапун од масти варени во пепел. Сапунот е познато средство за чистење на волната и памукот во текстилната индустрија, а неговата употреба во медицината е стара над пет илјади години. су први познавали технологију прављења сапуна од масти куваних у пепелу. Сапун се употребљавао за чишћење вуне и памука који се користио у текстилној производњи, а употреба у медицинске сврхе траје више од пет хиљада година. И старите Египќани ги мешале животинските масти и растителните масла со алкални соли и произведувале супстанца слична на сапунот. Исто така и Феничаните 600 години пред нашата ера користеле лој од коза и пепел за производство на сапун, а Римјаните правеле сапуни уште од првиот век. Името „сапун“ доаѓа од традицијата на Келтите, кои ова средство добиено од животинските масла и растителниот пепел го нарекувале „саипо“.

 

Денешниот сапун произведен од масти и алкални соли се произведува по пат на „ладен“ процес, но некои од производителите го користат и стариот „топол“ процес на производство. Порано, сапунот бил поскап, но благодарение на французинот Ле Бланк, кој во 1791. година го открил хемискиот процес на производство на сапуни, цената е значајно намалена. Дваесет година потоа бил усовршен соодносот меѓу глицеринот, мастите и киселините и оттогаш почнува модерниот процес на производство кој се употребува и денес. Кон крајот на деветнаесетиот век, сапунот за бањање и оној за перење алишта стануваат две различни работи, а денешниот најупотребуван течен сапун влегува во употреба во 70-те години на минатиот век.

 

 

Денес на пазарот можеме да купиме најразлини сапуни за најразлични намени – сапуни за перење алишта, миење садови, автомобили, домашни миленичиња, за теписи, за тело, раце, лице и многу други потреби.