vitamini

Витамин А

Го потпомага растот и развојот на: коските, забите, кожата и добриот вид. Витаминот А го има во: морковите, доматите, зелениот и темнозелен зеленчук, портокалот, жолтото овошје и зеленчукот, јајцата, млекото, павлаката, сирењето и другите млечни производи.

 

Витамини Б1, Б2, Б3, Б6

Помагаат во производството на црвени крвни зрнца, придонесуваат за движењето на кислородните молекули во крвта, имаат улога при формирањето антитела и при апсорпцијата на храната. При дефицит настапуваат промени во кожата, јазикот и периферните нерви. Најдобри извори на храна се бананите, говедското месо, пивскиот квасец, кафеавиот ориз, пилешкото месо, јајцата, овесот, кикиритките, сојата, оревите, интегралната пченица, кромидот, лукот и друго.

 

Витамин Ц

Витаминот Ц е заштитен витамин што ја одржува кожата здрава, исто како и забите и коските. Го подобрува имунитетот и помага при апсорбирање железо. Влијае и на правилното зараснување на раните. Се содржи во свежото овошје и зеленчук: јагоди, јаболка, портокали, домати, црни рибизли, пиперки, магдонос, коприва, спанаќ, зелки, киви, кељ, кромид, лук, ’рдокви, портокали, лимон и друго.

 

Витамин Д

Витаминот Д влијае на правилниот развој на коските и на забите. Се создава во телото oд таканаречените провитамини, што ги има во рибиното масло и месото, но и во јајцата, млекото, млечните производи и путерот. Провитаминот се претвора во витамин Д во кожата со помош на сончевата светлина.

 

Витамин Е

Позитивно влијае на кожата. Најмногу се наоѓа во авокадото, пиперката, јајцата, путерот, билните масла, оревите, морските плодови и темнозелениот зеленчук.

 

Витамин К

Помага во правилното зараснување на раните и повредите, затоа што позитивно влијае на згрутчувањето на крвта. Витаминот К се наоѓа во прокељот, спанаќот, зелката, шампињоните, зелениот чај, пилешкото месо и сирењето.