vreme

За праисторискиот човек течењето на времето било многу важно за неговиот опстанок, а неговото течење го „читал“ од промените што се случувале во природата. Промената на годишните времиња и движењето на сонцето и месечината биле „часовниците“ со кои луѓето во минатото го мереле времето. Набљудувањето на небото им овозможило на раните цивилизации да изработат своевидни календари базирани врз движењето на месечината. Древните цивилизации на Вавилон, Египет, Индија и Кина имале развиени системи за бележење на времето. Египќаните мислеле дека годината има 365 дена, а времето го одредувале забележувајќи го моментот на изгревање на ѕвездата Сириус – најсјајната ѕвезда на небото.

 

Сè до 45 година п.н.е. не бил направен сериозен обид да се изедначат различните пресметувања на времето низ целиот дотогаш познат свет. Јулијанскиот календар, наречен по Јулиј Цезар, денес е познат и како стар календар. Со него се вовеле: престапната година, укинување на лунарната година, точно определување на должината една година на 365,25 дена, распоредување на деновите во месеците (во некои месеци 30, во некои 31 ден, а во февруари 28 или 29 дена), враќање на рамноденицата во март.

 

Во 1582 година, стариот календар во поголемиот дел од Европа бил заменет со Грегоријанскиот календар или нов календар, а во другите земји се користел и до подоцна, сè до 1918 година, кога конечно бил отфрлен во Отоманската Империја. Астрономите сфатиле дека годината од 365,25 дена не е соодветна со Tропската година (или времето потребно да се сменат сите четири годишни времиња), која е за 20 минути пократка од времето потребно Земјата да направи едно целосно вртење околу Сонцето. Оваа разлика со текот на вековите се насобрала до цели десет дена во 16 век. Ако оваа разлика не се поправила, тогаш Нова година и Божиќ немало веќе да бидат во зима, туку постепено би се „преместиле“ во есен.

@import url(http://libi.mk/wp-content/plugins/siteorigin-panels/css/front-flex.min.css); #pgc-6845-0-0 { width:100%;width:calc(100% – ( 0 * 30px ) ) } #pg-6845-0 , #pl-6845 .so-panel { margin-bottom:30px } #pgc-6845-1-0 , #pgc-6845-1-2 { width:10%;width:calc(10% – ( 0.9 * 30px ) ) } #pgc-6845-1-1 { width:80%;width:calc(80% – ( 0.2 * 30px ) ) } #pl-6845 .so-panel:last-child { margin-bottom:0px } #pg-6845-1.panel-no-style, #pg-6845-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-align-items:flex-start;align-items:flex-start } @media (max-width:1024px) and (min-width:321px) { #pg-6845-1.panel-no-style, #pg-6845-1.panel-has-style > .panel-row-style { -ms-flex-wrap:wrap;-webkit-flex-wrap:wrap;flex-wrap:wrap } #pg-6845-1 .panel-grid-cell { -ms-flex:0 1 50%;-webkit-flex:0 1 50%;flex:0 1 50%;margin-right:0;margin-bottom:30px } #pg-6845-1 .panel-grid-cell:nth-last-child(1) { margin-bottom:0 } #pg-6845-1 .panel-grid-cell:nth-child(even) { padding-left:15px } #pg-6845-1 .panel-grid-cell:nth-child(odd) { padding-right:15px } } @media (max-width:320px){ #pg-6845-0.panel-no-style, #pg-6845-0.panel-has-style > .panel-row-style , #pg-6845-1.panel-no-style, #pg-6845-1.panel-has-style > .panel-row-style { -webkit-flex-direction:column;-ms-flex-direction:column;flex-direction:column } #pg-6845-0 .panel-grid-cell , #pg-6845-1 .panel-grid-cell { margin-right:0 } #pg-6845-0 .panel-grid-cell , #pg-6845-1 .panel-grid-cell { width:100% } #pgc-6845-1-0 , #pgc-6845-1-1 { margin-bottom:30px } #pl-6845 .panel-grid-cell { padding:0 } #pl-6845 .panel-grid .panel-grid-cell-empty { display:none } #pl-6845 .panel-grid .panel-grid-cell-mobile-last { margin-bottom:0px } }