vremezaspienje

Кога ќе се стемни е време за спиење. Изгледа едноставно, а сепак не е секогаш така лесно. За жал, во современото време, темнината станува сè поретка. Во развиените земји, најголемиот процент од луѓето живеат во места што ги исполнуваат стандардите за т.н. светлинско загадување, односно постојано осветлување и недостиг од темнина. Осветлувањето стана знак за економски напредок и човештвото повеќе не е оставено на милост на часовникот на природата и смената на денот и ноќта.

 

Вештачката светлина може да има сериозно влијание врз нашиот циклус на спиење. Кога ноќе сме изложени на силна светлина, мозокот си мисли дека сјае сонцето. Тоа може да биде многу збунувачко и да ги спречи лачењето на мелатонинот и заспивањето. Депресијата, срцевите болести, дијабетесот и ракот се поврзуваат со долготрајно прекумерно изложување на вештачка светлина.

 

До пред само двесте години, беше вообичаено луѓето да си легнат веднаш откако ќе зајде сонцето, да поспијат малку, да се разбудат околу полноќ за да читаат или учат или да прават нешто друго, па да си легнат пак и да спијат до утрото. Сепак повеќето од нас претпочитаат да спијат преку целата ноќ. Што е полошо, бидејќи мозокот ни е навикнат на смената на денот и ноќта, па ако си легнеме подоцна од вообичаеното време за легнување, не се будиме подоцна, туку спиеме помалку. Како резултат на тоа, страдаме од недостиг на сон што предизвикува замор и исцрпеност.