Марија ни зборува за книгата „Што сонуваше Дедо Мраз“ од Билјана С. Црвенковска.

Како дел од својата кампања за негување на читањето и љубовта кон книгите кај најмладите, „Арс Ламина“ ја започна својата соработка со Марија и Маги, двете сестри кои обожаваат да читаат.

Омилено хоби на Марија и Маги се книгите, за коишто потоа снимаат видеа каде ги раскажуваат своите впечатоци од прочитаното. Последните книги за кои знаеме дека Марија ги има прочитано се: „Морските самовили“, „Д-р Офболи“ и „Кралот на златната река“, а, пак, последни кои ги има прочитано Маги се: „Вејко Северко“ и „Девојчето и 12-те месеци“.

 

Марија ни зборува за книгата „Што сонуваше Дедо Мраз“ од Билјана С. Црвенковска.

 

* Деца! Која е вашата омилена книга? Кој е вашиот омилен лик? Пишете ни писмо, нацртајте ни цртеж, снимете видео! Пратете ни e-mail на marijaimagi@literatura.mk

 

Ве очекуваат убави изненадувања!