OУ „Никола Вапцаров” – Скопје

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

Име на училиштето: : OУ „Никола Вапцаров” – Скопје

Адреса: ул. „Браќа Реџепагич” бб, Чаир, Скопје

Роденден на училиштето: Јануари 1980

Патронен празник: 09 Декември

Број на паралелки/ученици: 731 ученици / 31 паралелки

Наставен јазик: Албански јазик, Македонски јазик

Контакт: тел./факс 02/2622675 , nikola-vapcarov@hotmail.com

Со знаење до успех

Добиени грантови, во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието” – „Градиме мостови”, со тема „Сите сме еднакви” , во соработка со двете партнер училишта „Васил Главинов” и „Христијан Тодоровски – Карпош”, ги имаме реализирани следните активности: Права и одговорности, Традиционални танц и ора, Игри без граници.100   Добиен грант од страна на МОН за организирање на активности со цел развивање и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничка интеграција и толеранција, на тема „Различностите не спојуваат”.

 

Освоено прво место, по повод „Традиционалниот мемориален турнир” во фудбал, на ниво на општина. Прво место на ниво на општина и второ место на ниво на град Скопје, на квиз натпревар за млади пожарникари, организирано од Сојузот на пожарникари – Скопје во соработка со Црвен Крст.

 

Освоено на второ место на литературниот конкурс, по повод „7 Март – денот на учителот”, на ниво на општина.   Мултикултурна манифестација, по повод „7 Март – денот на учителот” каде што беше присутен амбасадорот на Словенија, Милан Јазбец, со цел на запознавање и понатамошна соработка – збратимување со едно од училиштата во Словенија.

admin