strashopindzur

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

Име на училиштето: ООУ „Страшо Пинџур“

Општина: с. Мало Коњари, Прилеп

Роденден на училиштето: 5 март и се слави како патронен празник

Број на паралелки/ученици: 184 ученици / 15 паралелки

Наставен јазик: Македонски јазик

ООУ „Страшо Пинџур“ од село Мало Коњари е едно од најстарите училишта во регионот. Од моментот на основањето до денес –работи во духот  на неговиот Патрон: само со работа и труд до високи резултати. Од   1954 година па до денес и во иднина ова училиште се стреми кон успех во секој поглед. Секогаш отворено за промени и секогаш во чекор со предизвиците на новото време. Тука секогаш се спојувала традицијата со новите текови. Поминувајќи низ различни временски периоди училиштето опстојува и е расадник на многубројни генерации од кои многу поединци оставија длабоки траги во различни сфери на општествениот живот во РМ и пошироко: во областа на науката, спортот, културата…

 

Денес училиштето ја остварува својата воспитно образовна дејност  во централното училиште во Мало Коњари и подрачните училишта во Големо Коњари и Кадино Село. Во рамките на училиштето работат 7 паралелки во предметна и 8 паралелки во одделенска настава со вкупно 184 ученика.

 

Во нашето училиште работат искусни и вредни наставници кои несебично им го даваат своето знаење на учениците и ги прошируваат нивните видици. Во нашето училиште ние учениците се чувствуваме безбедно како во свој дом. Наставата е ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите на самите ученици, наставниците и опшеството.

 

Повеќе информации на: https://oustrasopindzur.wordpress.com/

user