vtorooddelenci mr mr

Погледни ги другите фотографии од второоделенците- креативци од  ОУ „Јан Амос Коменски“ и прочитај што ни напишаа нивните наставници:

 

Ања, Алексеј, Ангела, Петар, Ведра, Ангела, Јован, Сара,  Лука, Вероника, Ведран, Максим, Мила и Андреја се второроделенци во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје. Овие ученици од II-в одделение ги учи наставничката Роза Василевска, долгогодишна и призната наставничка во ова училиште. Но во ова слатко мало одделение каде учат големи креативци се наоѓа и Славе Павловски, сертифициран асистент во наставата за деца на кои им е потребна помош и адаптација во учењето.Тие двајца се грижат за децата и за нивниот психофизички развој воопшто.

 

„За креативноста на малите јунаци од II-в одделение зборуваат изложбите во самата училница и  паноата во холот. Овие вредни ученици се покажаа уште минатата година со изработка на детски книги по општество и музичко образование, а годинава и по математика ја изработија математичката сликовница „Црвенкапа“. Имаат и многу ликовните изработки од глина и пластелин на тема тркалезен и аглест волумен.

 

Овие дечиња многу се добри во изведување на приредби како и драматизација на четива и лектири. Изработија и честитки за нивните мајки по повод денот на жената, 8-ми Март.  Неколкупати имаат учествувано на ликовни и литературни конкурси и имаат освоени награди, па дури минатата година освоија награди и на математичкиот натпревар „Кенгур“.  И оваа година повеќе од половина одделение сепријави за учество на натпреварот.

 

Овие фотографии зборуваат за тоа колку многу се креативни и работливи овие деца. Особено им е омилен часот по физичко образование на кој со восхит одиме три пати во неделата.

 

Браво за сите нив и за нивното другарство и заедништво. Голема благодарност до нивните родители за огромната подршка“- велат нивните наставници.

Portfolio with this ID doesn't exist.

user