ООУ „Дане Крапчев“

ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

 

Име на училиштето: ООУ „Дане Крапчев“

Општина: Гази Баба, Скопје

Адреса: ул. Маџари бр. 9

Роденден на училиштето: 01 февруари и се слави како патронен празник

Постои од: 01.02.1978

Број на паралелки/ученици: 36 паралелки

Наставен јазик: Македонски јазик

НАШИТЕ УСПЕСИ

Фестивалот КРЕФ – МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ЕДУКАТИВНИ ФИЛМОВИ – ПРОСВЕТЕН ОСКАР оваа година се одржа на 29 и 30 септември во Лесковац, Република Србија.

Нашето училиште, ООУ „Дане Крапчев“, учествуваше како финалист во две категории, во категоријата „Еду филм“ – „Сосема различни, но со иста цел“ и во категоријата „Липдуб“ – „Спот за промоција на училишната клима“. Во конкуренција на десетина видеа нашето училиште го освои првото место во категоријата „Липдуб“ и се закити со просветен оскар за 2017 година.

Автор на видеото е одделенскиот наставник Елизабета Георгиевска, координатори на активностите наставниците: Марија Н. Наневска и Бојана М. Личевска, монтажата е на ученикот Леонид Велковска, автор на песната наставникот Ванчо Јовчев, песната ја изведува ученичката Дина Јашари.

Во спотот активно учество земаа сите вработени и ученици. Содржината на видеото опфаќа активности од еко-проектот на училиштето, во кој училиштето активно учествува и двапати е добитник на „Зелено знаме“. Спотот ја претставува упорноста, креативноста, сплотеноста и меѓусебната соработката на сите субјекти во училиштето.